Стихови (Коле Неделковски, 1958)

„Стихови“книга со избор од поезијата на Коле Неделковски, во редакција на Тодор Димитровски. Книгата била објавена во 1958 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“.

Содржина уреди

 
Корицата на збирката „Стихови“ („Кочо Рацин“, 1958)

Книгата содржи 23 песни од двете поетски збирки на Неделковски, „Молскавици“ и „Пеш по светот“, предговор со наслов „Лириката на Коле Неделковски“ чиј автор е Димитар Митрев, „Белешки“ на Тодор Димитровски, како и ликовни прилози (факсимили на делови од поетските збирки на Неделковски).

„Молскавици“ уреди

  • Младост попарена
  • Причинуење
  • Раткина неволја
  • Рането срце
  • Жив отруен
  • Чичко ми...
  • Ропство
  • Работник
  • Стачка
  • Одродени...
  • Ангелко
  • На кинисуење
  • Не колни
  • Стојан на Ордановци
  • Мајка
  • Скитник

„Пеш по светот“ уреди

  • Пеш по светот (поема)
  • 1941
  • Глас од Македонија
  • Враќање
  • Во туѓина
  • На поетот
  • Мајка и син

Технички одлики уреди

Книгата е отпечатена во тврд повез и има 95 страници. Технички уредник бил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Костадинка Георгиева. Книгата е испечатена во печатницата „Гоце Делчев“ во Скопје, во октомври 1958 година, во тираж од 2 000 примероци. Таа не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]

Наводи уреди

  1. Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 95.