Стефан Чупиќ (роден на 7 мај 1994 година) е српски фудбалер кој игра на позицијaта како голман. Во моментов настапува за клубот на Олимпијакос од Никозија. Неговиот татко, Вукан бил поранешен фудбалски голман,[1] а помладиот брат Милош, исто така, игра на истата позиција во првиот тим на ОФК Белград, поранешниот клуб од детството на Стефан.[2]

Клупска кариера

уреди

ОФК Белград

уреди

Стефан Чупиќ е роден во Ниш. Фудбал започнал да игра во локалниот клуб на Раднички од Ниш, но подоцна во 2006 година се преселил во екипата на ОФК Белград.[3] Чупиќ бил ангажиран во првиот тим на ОФК Белград за квалификациите 2010–11, но сепак останал во младинскиот тим сѐ до летото 2012 година.[4] Тој го потпишал својот прв четиригодишен професионален договор со ОФК Белград, на крајот од 2012 година,[5] откако ја поминал првата половина од сезоната 2012–13 како позајмен играч во Српската лига Белград за тимот на Дорчол. Чупиќ својот прв натпревар во професионалната Суперлига за клубот на ОФК Белград го одиграл на 6 април 2013 година, против екипата на Јавор од Ивањица.[6] На почетокот на 2014 година, бил позајмен во клубот на Динамо од Панчево,[7] но по една седмица се вратил во ОФК Белград и таму ја поминал целата сезона како резервен избор.[1] Стефан играл на последните 2 натпревари од сезоната 2013-14. За првите 2 сезони што ги поминал во првиот тим, Чупиќ одиграл вкупно 3 натпревари во Суперлигата. Но во наредната 2014–15 во српската Суперлига тој бил промовиран во прв голман на тимот земајќи го дресот со број 1.[8] По 5 натпревари во кој ја сочувал својата мрежа, тој бил избран за најдобар дебитант во 2014 година.[9] По повредата на Богдан Планиќ, тренерот Дејан Ѓурѓевиќ му ја доделил и капитенска лента на Чупиќ на неколку натпревари пред крајот на сезоната.[10] Чупиќ одиграл 36 лигашки и 3 натпревари во купот за сезоната 2015–16. На крајот на сезоната клубот на ОФК Белград сепак испаднал од српската прва лига. Стефан Чупиќ ја започнал новата сезона со клубот, но ги пропуштил воведните натпревари, а подоцна за период од шест месеци се преселил како позајмен играч во тимот[11] на ОФК Бачка. Тоа го сторил во последниот ден од летниот преоден рок во 2016 година.[12]

Сарпсборг 08 ФФ

уреди

На 20 јануари 2017 година, Чупиќ потпишал двегодишен договор со норвешкиот клуб на Сарпсборг 08.[13] Додека бил во клубот, Чупиќ ја поминал целата сезона во Елитсериен 2017 година како резервен избор за тренерот Андерс Кристијансен. Во текот на сезоната, тој одиграл неколку натпревари во фудбалскиот куп на Норвешка.

Вождовац

уреди

На 10 февруари 2018 година, Чупиќ се вратил во српскиот Суперлигаш Вождовац, склучувајќи договор за период од две години и половина. Тој избрал да го носи дресот со број 1 откако голманот Зоран Поповиќ го напуштил клубот.[14] Чупиќ својот прв натпревар за клубот на Вождовац го одиграл на 23 февруари 2018 година со победа од 3:2 над екипата на Напредак од Крушевац.[15]

ФК Арарат-Ерменија

уреди

На 16 јануари 2019 година, Стефан Чупиќ преминал во ерменскиот клуб ФК Арарат-Ерменија.[16] На 27 јануари 2021 година, клубот на Арарат-Ерменија потврдил дека Чупиќ ја напушта екипата за да замине во кипарското првенство и во клубот на Олимпијакос од Никозија. Сумата на пари не била објавена.[17]

Олимпијакос Никозија

уреди

На 27 јануари 2021 година тој се приклучил и официјално на екипата на Олимпијакос од Никозија.

Репрезентација

уреди

Стефан Чупиќ бил член на селекцијата на У17 и У18 сѐ до 2012 година. Од тогаш тој се приклучил на фудбалската репрезентација на Србија за возраст до 19 години.[18] За време на Европското првенство за играчи до 19 години на УЕФА 2013 година, Чупиќ скоро на сите натпревари бил резервен играч. На тоа натпреварување, селекцијата на Србија ја водел тренерот Предраг Рајковиќ. Откако неговата репрезентација го освоила првенството,[19] Чупиќ ја поминал селекцијата до 19 години и во 2014 година станал член на репрезентацијта на Србија У21. Тренерот на српската фудбалска репрезентација до 23 години, Милан Раштавац го поканил во декември 2015 година да игра на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Катар.[20]

Статистика во кариерата

уреди

Клуб

уреди
Обновено на крајот од одигран натпревар на 6 Декември 2020[21]
Табела со одиграни натпревари и постигнати голови во различни клубови и сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ОФК Белград 2010–11 Српска Суперлига 0 0 0 0 0 0 0 0
2011–12 0 0 0 0 0 0
2012–13 1 0 0 0 1 0
2013–14 2 0 0 0 2 0
2014–15 28 0 1 0 29 0
2015–16 36 0 3 0 39 0
2016–17 Српска прва лига 0 0 0 0
Вкупно 67 0 4 0 0 0 71 0
Дорчол(како позајмен играч) 2012–13 Српска лига на Белград 14 0 14 0
ОФК Бачка (како позајмен играч) 2016–17 Српска Суперлига 8 0 1 0 9 0
Сарпсборг 08 2017 Елитесерија 0 0 5 0 5 0
Вождовац 2017–18 Српска Суперлига 4 0 4 0
Арарат - Ерменија 2018–19 Ерменска Премиер Лига 3 0 1 0 4 0
2019–20 6 0 3 0 3 0 1 0 13 0
2020–21 6 0 0 0 4 0 1 0 11 0
Вкупно 15 0 4 0 7 0 2 0 28 0
Вкупно во кариерата 108 0 14 0 7 0 2 0 131 0

Клубски признанија

уреди

Арарат-Ерменија

  • Освоена е Ерменска Премиер лига (2): 2018–19, 2019–20
  • Освоен е Ерменски Суперкуп (1): 2019 година

Меѓународни признанија

уреди

Србија У19

  • Победници УЕФА Европско првенство за играчи до 19 години (1): 2013 година

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Чупићи бране Карабурму“. Večernje novosti (српски). 8 November 2015. Посетено на 13 October 2016.
  2. „Stefan Čupić - Golman za budućnost“. supersport365.com (српски). 12 May 2015. Архивирано од изворникот на 2016-10-09. Посетено на 7 October 2016.
  3. „Znate li da je sinoć "Radnički" dao gol Nišliji? – Velikom talentu Stefanu Čupiću“. mediapress.rs (српски). 25 July 2015. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 15 October 2016.
  4. „Najmlađi tim u Evropi, a svi strahuju od njih: OFK Beograd srpski Ajaks!“. 24sata.rs (српски). 14 April 2015. Архивирано од изворникот на 2016-10-19. Посетено на 15 October 2016.
  5. „Čupić za mirnu mrežu "Romantičara". sportske.net (српски). 30 November 2012. Архивирано од изворникот на 2016-10-09. Посетено на 7 October 2016.
  6. „ОФК Беорад: Чупић као матор“. Večernje novosti (српски). 8 April 2013. Посетено на 15 October 2016.
  7. „Stefan Čupić u Dinamu iz Pančeva“. transferii.com (српски). 27 January 2014. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 15 October 2016.
  8. „ČUPA OFKOVAC“. OFK Beograd official website (српски). 12 May 2015. Посетено на 20 September 2018.
  9. „STEFAN ČUPIĆ: Ova ekipa je spremna da ostvari cilj!“. supersport365.com (српски). 5 January 2015. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 15 October 2016.
  10. „Čupić: "Sezona iznad očekivanja". sportske.net (српски). 14 May 2015. Посетено на 15 October 2016.
  11. „ČUPIĆ POJAČAO BAČKU“. sportmagazin.rs (српски). 1 September 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. Посетено на 13 November 2016.
  12. „Čupić i Đurić u Bačkoj!“. OFK Bačka official website (српски). 1 September 2016. Архивирано од изворникот на 2019-02-13. Посетено на 15 October 2016.
  13. „Serbisk EM-vinner til Sarpsborg 08“. Sarpsborg 08 FF official website (норвешки). 20 January 2017. Посетено на 20 January 2017.
  14. „Добро дошао Стефане! – Замена стигла“. FK Voždovac official website (српски). 10 February 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 1 April 2018.
  15. „Voždovac – Napredak 3:2 (2:1)“. penal.rs (српски). 23 February 2018. Посетено на 1 April 2018.
  16. UFFICIALE: Stefan Cupic ha firmato con l'Ararat-Armenia, calcioslavo.it, 16 January 2019
  17. „Դարպասապահ Ստեֆան Չուպիչը տեղափոխվեց Կիպրոսը ներկայացնող "Օլիմպիակոս Նիկոսիա". facebook.com (ерменски). FC Ararat-Armenia Facebook. 27 January 2021. Посетено на 27 January 2021.
  18. „Omladinci ponovo bolji od Rusa“. subotica.com (српски). 10 August 2012. Посетено на 15 October 2016.
  19. „Nišlija prvak Evrope u fudbalu“. juznevesti.com (српски). 2 August 2013. Посетено на 15 October 2016.
  20. „Izlet uspeo: Srbija sigurna u Herezu“. mozzartsport.com (српски). 22 December 2015. Посетено на 15 October 2016.
  21. Стефан Чупиќ на soccerway

Надворешни врски

уреди