Стефан Драшковиќ
Стефан Драшковиќ (роден на 27 јули 1989 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата како дефанзивец. Настапува во тимот на ФК Слога од Краљево.
Клупска кариера
уредиСлога Краљево
уредиСтефан Драшковиќ е роден во Краљево.[1] Тој бил производ на младинската академија на клубот на Слога од Краљево. Својот прв натпревар за сениорскта екипа на Слога го имал во сезоната 2006–07. Одиграл вкупно 5 натпревари во првата сезона. Во сезоната 2007-2008, Стефан одиграл и некои натпревари како што е дербито против градскиот ривал Металац Трговачки од Краљево.[2] За време на зимската пауза, надвор од сезоната, Драшковиќ одиграл пријателски натпревари, против екипите на Нови Пазар,[3] и Металац од Горњи Милановац.[4] Потоа со првиот тим отпатувал на подготовки во Охрид, и таму одиграл и неколку натпревари во подготвителниот период.[5] До крајот на сезоната настапил уште на неколку лигашки натпревари, и тоа против тимовите на Мачва од Шабац,[6] Јединство Уб,[7] и Слобода од Ужице.[8] Настапил и во финалето на Купот на градот Краљево, против Металац Трговачки,[9] и во финалето на Купот на округот Рашка, против екипата на Јошаница.[10]
Мачва, Металац и Синѓелиќ
уредиДрашковиќ подоцна се преселил во екипата на Мачва од Шабац и тоа во сезоната 2008–09.[11][12][13][14] До крајот на сезоната одиграл 24 првенствени натпревари. По сезоната која ја минал во Шабац, тој се вратил во родното Краљево, но овојпат во екипата на Металац Трговачки.[15] За новиот клуб одиграл вкупно 22 натпревари во лигашкиот дел во сезоната 2008-09. Настапувал против Морава од Велика Плана,[16] Слога од Пожега,[17] Вујиќ Вода од Ваљево,[18] на пријателски натпревар со градскиот ривал Слога,[19] на натпревар против Јединство Уб[20] и со екипата на Слога Петровац на Млав.[21] По настапите во екипата на Металац Трговачки, извесно време поминал и во екипата на Радник Бијелина. Во 2011 година се приклучил на екипата на Синѓелиќ од Ниш. Во првиот дел од сезоната бил резервен избор, но во вториот дел од сезоната играл многу поконстантно. Во сезоната 2011–12 одиграл 14 натпревари во лигата и 1 куп натпревар и притоа постигнал 1 гол.
Враќање во Слога Краљево
уредиВо сезоната 2012–13, Драшковиќ се вратил во клубот на Слога од Краљево.[22] На почетокот не бил стандарден во тимот. Бил резервен играч сѐ до моментот кога се повредил Зоран Марушиќ во втората полусезона. Подоцна тој бил стандарден во екипата заедно во пар со Немања Милетиќ. Драшковиќ настапил на 11 лигашки натпревари и постигнал 1 гол.[23] Настапил и на натпреварот од Лав купот, кој тимот на Слога го загубила со резултат 5:0.[24][25]
Драшковиќ и Милетиќ биле едни од најдобрите одбранбени тандем играчи во лигата во првата полусезона. Екипата на Слога победила на сите 7 домашни натпревари, а тие двајца биле најважните играчи во тимот. Стефан одиграл 14 првенствени натпревари, а на еден не настапил поради добиени жолти картони. Тоа бил натпреварот од Лав купот против екипата на Војводина.[26] Во зимската пауза, Драшковиќ се преселил во екипата на Борац од Чачак, заедно со соиграчот Дејан Радосављевиќ.[27]
Борац Чачак
уредиДрашковиќ потпишал со екипата на Борац од Чачак за време на зимската пауза. По повредите на Марио Маслаќ и Иван Ѓоковиќ, Драшковиќ и Лазар Обрадовиќ биле стандардни стопери до крајот на сезоната. По завршувањето на натпреварите екипата на Борац од Чачак се квалификувала во Српската Суперлига.
Својот прв натпревар во Суперлигата Драшковиќ го имал на натпреварот во третото коло против екипата на Чукарички, заменувајќи го Александар Гојковиќ во 80 минута од натпреварот.[28] Тој ја завршил сезоната со вкупно 1 натпреевар, против Младост од Лучани со одиграни 90 минути и еден во купот против екипата наЦрвена ѕвезда од Белград. Настапувал во тандем со фудбалерот Немања Милетиќ.[29]
Во сезоната 2015–16, Драшковиќ започнал како резервен играч на играчите Милетиќ и Јаблан. Првото појавување во сезоната го имал на 11тиот натпревар. На тој натпревар влегол како замена од клупата. Следните три натпревари тој бил стартер во тимот. Во 12тиот натпревар играл во тандем со Јаблан, додека Милетиќ го менувал Танасин како десен бек, но по црвениот картон на Јаблан и исклучувањето со жолтите картони на Милетиќ. Наредниот натпревар Драшковиќ го започнал во линија со играчот Обрадовиќ. Поради црвен картон, Јаблан пропуштил уште еден натпревар, а Драшковиќ во 14то коло го започнал со третиот по ред различен партнер. Навивачите го наградиле со огромен аплауз за посветеноста на играта и деталите кога Борац од Чачак ги победил сите натпревари.[30] На последниот натпревар пред зимската пауза во тековната сезона против екипата на Партизан, по суспензијата на Милетиќ и Јаблан, Драшковиќ го започнал натпреварот во тандем заедно со Стефан Ѓорѓевиќ. Ѓорѓевиќ му бил четвртиот партнер на стоперската позиција. На 18 декември 2015 година, Стефан го продолжил договорот со екипата на Борац во траење од 2 години.[31]
На првиот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига, Драшковиќ бил заменет по повредата од Марио Маслаќ во 34 минута. Тоа бил натпреварот против екипата на Металац од Горњи Милановац.[32] Драшковиќ во 6-от натпревар против екипата на Нови Пазар го постигнал својот прв гол за клубот. На истиот натпревар тој добил црвен картон.[33] Драшковиќ го постигнал својот втор гол во сезоната против екипата на Јавор од Ивањица. Овој натпревар бил во 10то коло од Суперлигата, одигран на 25 септември 2016 година. Драшковиќ бил номиниран и за играч на натпреварот, а се промовирал за најдобар стрелец на тимот.[34] Во 23то коло од сезоната против екипата во натпреварот против тимот на Партизан, Драшковиќ го предводел тимот како капитен.[35] Откако поднел обвинение против клубот за неисплатени плати, добил раскин на договорот на штета на клубот. По завршувањето на сезоната тој го напуштил тимот на Борец од Чачак.[36]
Дачија од Кишињев
уредиНа 15 јуни 2017 година, Драшковиќ потпишал едноиполгодишен договор со молдавската екипа Дачија од Кишињев.[37] Својот прв натпревар за новиот клуб го одиграл на 29 јуни 2017 година во првото квалификациско коло на УЕФА Лига Европа 2017-18 против тимот на Шкендија од Македонија. Драшковиќ својот прв натпревар во молдавската национална дивизија го одиграл на 9 јули 2017 година во победата со 1:0 на гостински терен против екипата на Сфантул Георге. Драшковиќ се повредил на третиот натпревар против екипата на Милсами, каде бил заменет во второто полувреме. Повредата била со фрактура на лицето. Се вратил во тимот на 30 септември 2017 година за натпреварот против истиот противник.[38]
Враќање во Борац Чачак
уредиНа почетокот на 2018 година, Драшковиќ се вратил во Борец од Чачак, но не добил дозвола да игра во сезоната во Српската Суперлига 2017-18. Лиценцата ја добил на 1 март истата година.[39]
Рудар од Пљевља
уредиДрашковиќ му се приклучил на тимот на ФК Рудар од Пљевља во летото 2018 година. Неговиот договор бил раскинат во месец февруари 2019 година.[40]
Враќање во Слога Краљево
уредиВо пресрет на сезоната 2019-2020, Драшковиќ се вратил во клубот на ФК Слога од Краљево и станал капитен на тимот.[41][42]
Статистика во кариерата
уреди- Обновено на 31 Мај 2018[43]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Слога од Краљево | 2006–07[1] | Српска Лига Запад | 5 | 0 | — | — | — | 5 | 0 | |||
2007–08[1] | 4 | 0 | — | — | 2[б 1] | 0 | 6 | 0 | ||||
Вкупно | 9 | 0 | — | — | 2 | 0 | 11 | 0 | ||||
Мачва од Шабац | 2008–09[1] | Српска Лига Запад | 24 | 0 | — | — | — | 24 | 0 | |||
Металац трговски | 2009–10[1] | 22 | 0 | — | — | — | 22 | 0 | ||||
2010–11 | Морава Зона Лига | 3[б 2] | 0 | — | — | — | 3 | 0 | ||||
Вкупно | 25 | 0 | — | — | — | 25 | 0 | |||||
Сингелиќ од Ниш | 2011–12 | Српска Прва Лига | 14 | 1 | 1 | 0 | — | — | 15 | 1 | ||
Слога од Краљево | 2012–13 | 11 | 1 | 1 | 0 | — | — | 12 | 1 | |||
2013–14 | 14 | 0 | 1 | 0 | — | — | 15 | 0 | ||||
Вкупно | 25 | 1 | 2 | 0 | — | — | 27 | 0 | ||||
Борец од Чачак | 2013–14 | Српска Прва Лига | 12 | 0 | — | — | — | 12 | 0 | |||
2014–15 | Српска СуперЛига | 4 | 0 | 1 | 0 | — | — | 5 | 0 | |||
2015–16 | 15 | 0 | 3 | 0 | — | — | 18 | 0 | ||||
2016–17 | 31 | 2 | 2 | 0 | — | — | 33 | 2 | ||||
2017–18 | 6 | 0 | — | — | — | 6 | 0 | |||||
Вкупно | 68 | 2 | 6 | 0 | — | — | 74 | 2 | ||||
Дачиа Кишињев | 2017 | Молдавска национална дивизија | 9 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | — | 11 | 2 | |
Вкупно во кариерата | 174 | 4 | 9 | 0 | 2 | 0 | 2 | 0 | 187 | 4 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Draskovic, Stefan“. srbijafudbal.com (српски). Посетено на 14 December 2016.
- ↑ „Sloga (K) - Metalac (K) 2:1“. srbijasport.net (српски). 11 November 2007. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Sloga - Novi Pazar 2:2“. srbijasport.net (српски). 2 February 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Metalac (GM) - Sloga (K) 0:1“. srbijasport.net (српски). 10 February 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Ponoćni ekspres za Ohrid“. srbijasport.net (српски). 17 February 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Mačva - Sloga 0:1“. srbijasport.net (српски). 2 April 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Bledo izdanje "belih"“. srbijasport.net (српски). 13 April 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Sloga (K) - Sloboda (U) 2:1“. srbijasport.net (српски). 24 May 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ 9,0 9,1 „Sloga-Metalac 1:0 u finalu Kupa FSO Kraljevo“. srbijasport.net (српски). 9 March 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ 10,0 10,1 „Sloga pobednik fudbalskog Kupa Raškog Okruga“. srbijasport.net (српски). 9 April 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Vreme protiv fudbala“. srbijasport.net (српски). 20 September 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Bojović, slučajno ili ne ?!“. srbijasport.net (српски). 5 October 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „SLZ: Mačva - Radnički 0:0“. srbijasport.net (српски). 13 October 2008. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „SLZ: Metalac – Mačva 0:0“. srbijasport.net (српски). 9 May 2009. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Prijateljska utakmica: Metalac (K) - Bane 0:1“. srbijasport.net (српски). 2 August 2009. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „SLZ: Metalac (K) - Morava (VP) 4:1“. srbijasport.net (српски). 26 September 2009. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „SLZ: Metalac (K) - Sloga (P) 1:2“. srbijasport.net (српски). 10 October 2009. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „SLZ: Metalac (K) - Vujić voda 0:2“. srbijasport.net (српски). 17 October 2009. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Prijateljska utakmica: Sloga (K) – Metalac (K) 1:0“. srbijasport.net (српски). 3 February 2010. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Srpska liga "Zapad": Metalac (K) – Jedinstvo 0:0“. srbijasport.net (српски). 11 April 2010. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Srpska liga "Zapad": Metalac – Sloga (PM) 2:1“. srbijasport.net (српски). 17 April 2010. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Kraljevčani danas gostuju superligašu u Novom Pazaru“. srbijasport.net (српски). 3 August 2012. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „PLS: Sloga - Metalac 2:0“. srbijasport.net (српски). 18 May 2013. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „OFK BEOGRAD DEKLASIRAO SLOGU IZ KRALJEVA“. akter.co.rs (српски). 26 September 2012. Архивирано од изворникот на 14 August 2014. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „KS: OFK Beograd - Sloga 5:0“. sportal.rs (српски). 26 September 2012. Архивирано од изворникот на 14 August 2014. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Sloga stala na penalu“. srbijasport.net (српски). 26 September 2013. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Veliki promet u Industrijskoj ulici“. sportal.rs (српски). 19 February 2014. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „3.Kolo: Borac - Čukarički“. Serbian SuperLiga official website (српски). 24 August 2014. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „KUP SRBIJE: Borac namučio Zvezdu (VIDEO)“. hotsport.rs (српски). 24 September 2014. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 29 May 2015.
- ↑ „Borac - OFK Beograd“. mozzartsport.com (српски). 18 October 2015. Посетено на 18 October 2015.
- ↑ „Stefan Drašković veran Borcu“. FK Borac Čačak official website (српски). 18 December 2015. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 21 December 2015.
- ↑ „Poraz na premijeri“. FK Borac Čačak official website (српски). 23 July 2016. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 24 July 2016.
- ↑ „Sajčić i Drašković za prvu radost“. FK Borac Čačak official website (српски). 20 August 2016. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 21 August 2016.
- ↑ „Remi sa Ivanjičanima“. FK Borac Čačak official website (српски). 25 September 2016. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 26 September 2016.
- ↑ „Rutinska pobeda Partizana pred "večiti" derbi“. B92 (српски). 25 February 2017. Посетено на 23 May 2017.
- ↑ „"FUDBAL" 17/17 - page 940“ (PDF). Football Association of Serbia (српски). 26 April 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-13. Посетено на 16 June 2017.
- ↑ „"Дачию" пополнил серб Стефан Драшкович (фото)“. FC Dacia Chisinau official website (руски). 15 June 2017. Архивирано од изворникот на 19 June 2017. Посетено на 16 June 2017.
- ↑ „Самый нервный матч сезона: "Дачия" играет вничью с "Милсами" (Видео)“. FC Dacia Chisinau official website (руски). 30 September 2017. Посетено на 5 October 2017.
- ↑ „Predstavljen kvartet novajlija“. FK Borac Čačak official website (српски). 1 March 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 4 March 2018.
- ↑ CG fudbal br. 06, fscg.me, 15 February 2019
- ↑ KAPITEN ZOVE NAVIJAČE, srbijasport.net, 23 August 2019
- ↑ Sloga Kraljevo squad at Srbijasport, srbijasport.net
- ↑ Стефан Драшковиќ на soccerway
- ↑ „Барјактаревић и Петровић по два пута у мету“ (PDF). Ibarske novosti (српски). 21 August 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-23. Посетено на 27 August 2010.
- ↑ „Резерве донеле преокрет“ (PDF). Ibarske novosti (српски). 4 September 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-23. Посетено на 10 September 2010.
- ↑ „Zona Morava: Metalac - Polet (T) 3:0“. srbijasport.net (српски). 16 October 2010. Посетено на 4 March 2018.
Надворешни врски
уреди- Статистика на Стефан Драшковиќ на utakmica.rs
- Стефан Драшковиќ – Профил на сајтот на УЕФА
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.