Стефани Беатриз Бишоф Алвизури (родена на 10 февруари 1981 година),[1] позната професионално како Стефани Беатриз, е американска глумица. Таа е позната по улогата на детективот Роза Дијаз во хумористичната серија на НБЦ Бруклин девет-девет исто така ја играла Џесика во независната драма Краткорочно 12 (2013).

Стефани Беатриз
Роден(а)Стефани Беатриз Бишоф Алвизури
10 февруари 1981(1981-02-10)(43 г.)
Аргентина
Алма матерКолеџот Стивенс
ЗанимањеГлумица
Активен период2009
СопружникБред Хос (в. 2018)

Ран живот и образование

уреди

Стефани Беатриз Бишоф Алвизури е родена во Неуквиен, Аргентина, ќерка на татко колумбиец и мајка боливијка.[2] Таа пристигнала во САД на тригодишна возраст со нејзините родители и помладата сестра. Таа пораснала во Вебстер, Тексас, близу Хјустон и одела во средното училиште Клир Брук .[3][4] Семејството било „прилично сиромашно“, што го лимитирало изборот на Беатриз на членување во училишниот хор, бидејќи тоа бил избор кој не чинел пари, за разлика од часовите по ликовна уметност или музичко. Уште на првиот час, наставникот ја обесхрабри Беатриз да продолжи понатаму и затоа Беатриз се пријавила на говор и дебата.[5] Таму имала можност да се појави во претстави. Нејзината прва улога била негативец во претставата, а откако соученик ја погрешил за некој друг за време на целото шоу, сфатила дека има способност преку глума да се трансформира во некој друг. Ова ја поставило на патот на драмските уметности.

Беатриз присуствувала на женскиот колеџ Стивенс во Мисури. Дипломирала во 2002 година. Потоа се преселила во Њујорк за да се занимава со глума.[4] Таа живее во Лос Анџелес од 2010 година.

Кариера

уреди

Беатриз имала помали улоги во полициската процедурална телевизиска серија „Завршен удар" и ,,Саутленд“, како и повторувачката улога на сестрата на Глорија, Соња, во хумористичната серија на АБЦМодерно семејство“. Имала бројни сценски настапи на Фестивалот на Шекспир во Орегон, Театарворк САД, Театарот Олд Глоуб и Јеиловиот Репертоар Театар. Беатриз ја имала својата прва играна филмска улога како Џесика во прославената од 2013 година независна драма, Краткорочно 12.

Од 2013 година, таа ја толкува улогата на детективката Роза Дијаз во серијата на „Фокс“ и „ Ен-Би-Си “, Бруклин девет-девет, акциона комедија, серија заснована на полицајците од полициската станица во Бруклин. Во 2019 година, таа ја режирала епизодата од шестата сезона „Тој рече, рече таа“.

Беатриз глумела во улогата на Бони, во независниот игран филм „Светлината на Месечината“, по сценарио и режија на Џесика М. Томпсон. Филмот бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал Јужно од Југозападот во 2017, каде ја добила наградата на публиката во конкуренцијата за наративна игра.[6] Таа добила многу позитивни критики за нејзината изведба, а Холивуд репортер изјавиле дека „Беатриз нуди моќна ... непоколеблива, автентична изведба“, додека „ Варајети“ истакнале дека филмот е „вознемирувачки ефикасен“, а глумата на Беатриз е „стручно избалансирана и проценета“. " [7] Од 2018 година, таа го позајмува гласот на Џина Казадор во 5-тата сезона на БоЏек Коњаник (анг. BoJack Horseman).

Било објавено во 2019 година, дека таа ќе се појави во филмската адаптација на мјузиклот „ На височините “, добитник на наградата Тони на Лин-Мануел Миранда [8]

Личен живот

уреди
 
Беатриз во 2016 година

Сексуалност и брак

уреди

Беатриз првенствено имала насетувања дека таа е романтично склона кон жените и мажите кои започнале на возраст околу 12 или 13 години.[5]

Иако во суштина долго време нејзините пријатели и семејството знаеле за нејзината сексуална ориентираност, во јули 2016 година, во случајна афирмација на туѓа бисексуалност на Твитер, Беатриз излегла пред пошироката јавност како бисексуалка.[9][10] Беатриз исто така се идентификува како квир.[11]

Во октомври 2017 година, Беатриз ја објавила својата свршувачка со колегата глумец Бред Хос.[12] Беатриз и Хос се венчале на 6 октомври 2018 година.[13]

Филмографија

уреди

Филм

уреди
Година Наслов Улога Белешки
2013 година Краткорочно 12 Џесика
2014 година Ти не си ти Џил
2016 година Големиот празник на Пи-Ви Фреклс
2016 година Разрешница Изабел Дејвис Краток филм
2016 година Ледено доба: Правец на судир Герти (глас)
2016 година Пиштолските ракчиња Стефани Беатриз Член на општинскиот танцов одред на градот ЛА
2017 година Светлината на Месечината Бони Исто така извршен продуцент
2018 година Половина магија Кенди
2019 година Лего филм 2: Вториот дел Генерал Сладок Хаос (глас)
2021 година Во височините Карла Пост-продукција
2021 година Енканто Мирабел Мадригал Се снима [14]

Телевизија

уреди
Година Наслов Улога Белешки
2009 година Доближувач Камила Сантјаго Епизода: „Животот“
2012 година Паметниот Натали Телевизиски филм
2013–2019 година Модерно семејство Соња 4 епизоди
2013 година Саутленд Белинда Каргроув Епизода: „Под големиот врв“
2013 година Џеси Салма Еспиноза Епизода: „Играчка превара“
2013 година Здраво дами Чувар на портата Епизода: „Лимузината“
2013 – денес Бруклин девет-девет Роза Дијаз Главна улога, режија на епизодата „Тој рече, таа рече“ во 6-та сезона
2014 година Двобои на врвните готвачи Стефани Беатриз Епизода: „Џен Керол против Нијаша Арингтон “
2015 година Полицаецот секира Хаста Миа (глас) Епизода: „Центарот на океанот“
2017–2019 година Плескавиците на Боб Клои Барбаш / Џулија / Пем (глас) 6 епизоди
2017 година Новите ВИП Елена (глас) Телевизиски филм
2017 година Опасност и јајца Шериф Лук / капетан Банџо (глас) 4 епизоди
2017 година @ полноќ Стефани Беатриз Епизода: „541“
2018–2019 година БоЏек Коњаник Џина Казадор (глас) 9 епизоди
2018 година Пеколна Кујна Стефани Беатриз Вечера за гости; Епизода: „Риба, надвор од вода“
2019 година Ден по ден Пилар Епизода: „Погребот“
2019 година Засекогаш дванаесет Конели (глас) 2 епизоди
2019 година Во темнината Елена Епизода: „Куќарка на дрво“
2019 година Неовластено искуство на браќата Баш Вал Гал Разноликост, специјална програма
2020 година Семеен тип Водителка (глас) Епизода: „Библија“
2020 година Паткини приказни Госалин Вадлемаер (глас) Епизода: „Да станеме опасни“
2020 година Волшебници: Приказни за Аркадија Калиста / Немуе / Деја Наречникот (глас) 7 епизоди
2020 година Елена од Авалор Икслан (глас) 3 епизоди
2020 година Централ парк Енрике (глас) Епизода: „Верверица, прекината“

Интернет серии

уреди
Година Наслов Улога Белешки
2016 година Волшебник Елизабет (глас) 3 епизоди

Наводи

уреди
  1. „UPI Almanac for Monday, Feb. 10, 2020“. United Press International. February 10, 2020. Архивирано од изворникот на June 3, 2020. Посетено на June 3, 2020. …actor Stephanie Beatriz in 1981 (age 39)
  2. Moreno, Carolina (12 December 2014). 'Brooklyn Nine-Nine's' Stephanie Beatriz On How A Badass Latina Breaks Stereotypes“. The Huffington Post. Посетено на 8 August 2017. The lack of focus on nationality is something Beatriz can relate to after being born in Argentina to a Colombian father and a Bolivian mother, with whom she moved at a young age to Texas, where she fostered a love of Mexican culture.
  3. Davila, Julia (10 August 2013). „A sexy funny lady: Houston actress lands a major Fox sitcom role, sets a gut-busting mission“. CultureMap Houston. Посетено на 3 November 2013.
  4. 4,0 4,1 Bland, Pete (3 October 2013). „Stephens alumna Beatriz cutting it up alongside Samberg on 'Brooklyn Nine-Nine'. Columbia Daily Tribune. Посетено на 6 November 2013.
  5. 5,0 5,1 Cameron Esposito (28 August 2017). „Stephanie Beatriz, episode #7 of Queery with Cameron Esposito on Earwolf“. Earwolf. Посетено на 24 December 2019.
  6. Kelley, Seth (18 March 2017). „SXSW Announces 2017 Audience Award Winners“. Variety (англиски). Посетено на 16 May 2017.
  7. Barker, Andrew (13 March 2017). „SXSW Film Review: 'The Light of the Moon'. Variety (англиски). Посетено на 16 May 2017.
  8. https://www.whatsonstage.com/london-theatre/news/stephanie-beatriz-in-the-heights-cast-lin-film_48906.html
  9. Rook, Erin (17 July 2016). „Actress Stephanie Beatriz comes out as bisexual on Twitter“. LGBTQ Nation. Архивирано од изворникот на 15 September 2017.
  10. „The representation of bisexuality on TV is improving but show producers still seem scared of the word“. The Independent (англиски). 27 December 2017. Посетено на 14 March 2018.
  11. https://m.youtube.com/watch?v=8CEECwApwj4
  12. Chiu, Melody. „Brooklyn Nine-Nine's Stephanie Beatriz Is Engaged! See Her Unique Ring“. PEOPLE.com (англиски).
  13. „Brooklyn Nine-Nine Star Stephanie Beatriz Marries Brad Hoss in L.A.-Inspired Wedding“. PEOPLE.com.
  14. Kinane, Ruth (16 April 2019). „Stephanie Beatriz, Daphne Rubin-Vega, and Dascha Polanco join 'In The Heights' cast“. Entertainment Weekly (англиски). Посетено на 17 April 2019.

Надворешни врски

уреди