Стенфорд Дор школа за одржливост (Станфордов универзитет)
Стенфорд Дор школата за одржливост (англиски: Stanford Doerr School of Sustainability) е академска единица насочена кон изучување на климатските промени и одржливоста при Стенфордовиот универзитет во Стенфорд, Калифорнија, САД.[1][2] Школата започна со работа на 1ви септември, 2022 година[3] и претставува една од најголемите школи во САД поврзани со проучувањето на климатските промени.[2]
Прв декан на школата е Арун Маџумдар.[3] Нејзиното основање беше овозможено со донации од Џон и Ен Дор (според кои школата е именувана), Џери Јанг и Акико Јамазаки и Дејвид и Анџела Фило.[4] Донацијата од Џон и Ен Дор во вредност од 1,1 милијарди американски долари е втората најголема донација кон академска институција во САД.[2] Стенфорд Дор школата за одржливост има добиено и неколку донации од компании кои работат со фосилни горива што предизвика револт меѓу студентите и професорите.[5][6]
Наводи
уреди- ↑ „Stanford Doerr School of Sustainability“. sustainability.stanford.edu (англиски). Посетено на 2022-09-12.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Gelles, David (2022-05-04). „Stanford Gets $1.1 Billion for New Climate School From John Doerr“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2022-09-12.
- ↑ 3,0 3,1 University, Stanford (2022-09-01). „Opening day for the Stanford Doerr School of Sustainability“. Stanford News (англиски). Посетено на 2022-09-12.
- ↑ „Foundational Launch Partners | Stanford Doerr School of Sustainability“. sustainability.stanford.edu (англиски). Посетено на 2022-09-12.
- ↑ „Stanford community critiques Sustainability School's acceptance of fossil fuel funds, expresses optimism for opening“. The Stanford Daily (англиски). 2022-05-31. Посетено на 2022-09-12.
- ↑ Andreoni, Manuela (2022-05-24). „A feud over fossil fuel money“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2022-09-12.