Стево Христовски
Стево Христовски - Патако (1920-1943), македонски револуционер, личност која беспоштедно ѝ се предава на ослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ за слобода.
Биографија
уредиУште пред војната станал член на КПЈ и се пројавувал со својата активност во редовите на револуционерното движење во Битола. За време на окупацијата, поради борбените негови активности, на двапати бил затворан и мачен. После тортурите во битолскиот затвор, бугарската полиција го интернирала во Кавала. При враќањето од интернација, на битолската железничка станица успеал да ѝ избега на полицијата. Претрпените мачења, тортури и интернацијата не успеале да го скршат неговиот револуционерен дух, туку го правеле уште поцврст и длабоко убеден во идеите кои ги пропагирала Партијата. После бегството, илегално живеел и дејствувал во Битола. За тоа време поминато во илегала, не мирувал, туку неуморно работел за револуционерното движење. За потребите на Партијата извршувал најразлични одговорни партиски должности. На 28 јули 1943 г. бил откриен и обиколен од бугарската полиција. Влегол во борба, но увидувајќи дека борбата е осудена на неуспех, со последнот куршум се убил, за да не падне жив во рацете на непријателот.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |