Статуа на кралот Филип IV Шпански
Статуа на кралот Филип IV Шпански ― бронзена скулптура на италијанските уметници Џан Лоренцо Бернини и Џироламо Лученти која го прикажува Филип IV Шпански, која се наоѓа во базиликата „Голема Богородица“ во Рим.
Творец | Џан Лоренцо Бернини |
---|---|
Година | 1664–66 |
Вид | Скулптура |
Материјал | Бронза |
Тематика | Филип IV Шпански |
Место | базилика „Голема Богородица“, Рим |
41°53′51″N 12°29′55″E / 41.89750° СГШ; 12.49861° ИГД |
Бернини го развил првичниот дизајн и го надгледувал проектот, додека Лученти го создаде моделот и ја излеал бронзата, но „статуата на секој начин е резултат на постапка кој вклучува последователни естетски и технички придонеси од двајцата уметници“.[1]
Опис
уредиКралот Филип IV е прикажан како војсководец во историска облека, облечен во кураса, наметка и чизми. Во десната рака држи жезол додека ја потпира левата рака на рачката од мечот. Неговата поза е доловена во претеран контрапостолен став, со главата свртена кон десно и погледот насочен надвор од подигнатиот жезол, создавајќи впечаток дека тој ќе издаде команда. Скулптурата го прикажува кралот како јунак, отелотворувајќи ги квалитетите на воин-крал и заштитник на католичката црква.[2]
Местоположба
уредиСтатуата се наоѓа во базиликата „Голема Богородица“ во Рим. По влегувањето во тремот, статуата е на десниот ѕид.[3]
Историја
уредиСтатуата првпат била предложена во 1643 година, но договор бил потпишан дури во 1664 година. Работата започнала истата година, а скулптурата била завршена во 1666 година.[4]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- Фусноти
- Библиографија
- Ostrow, Steven (1991). „Gianlorenzo Bernini, Girolamo Lucenti, and the Statue of Philip IV in S. Maria Maggiore: Patronage and Politics in Seicento Rome“. The Art Bulletin. 73 (1).
Надворешни врски
уреди- Податотеки поврзани со Special:Search/Statue of King Philip IV of Spain (Bernini) на Ризницата