Стар град (Будва)
Тврдината Будва се наоѓа во истоимениот град во Црна Гора. Во почетокот тврдината била изградена на островот кој се наоѓа во близина на брегот, но подоцна истата била споена со копнениот дел од градот. Тврдината денеска е доста зачувана. Стариот град во Будва денеска е населба на градот. Во 1978 година градот бил зафатен од земјотрес, но во следните години ѕидините биле реновирани.
Стариот град во Будва | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Будва |
Земја | Црна Гора |