Стар град (Баку)

(Пренасочено од Стар Град (Баку))

Стар Град или Внатрешен Град (азерски: İçərişəhər ) – историско средиште на Баку, азербејџанската престолнина, кое во 2000 година е запишано во списокот на светското наследство на УНЕСКО во Европа.

Утврдениот град Баку со Ширваншаховиот сарај и Девствената кула
светско наследство на УНЕСКО
Ширваншаховиот сарај
Критериумкултурно: iv
Навод958
Запис2000 (24 заседание)
Загрозено2003-2009

Градби во Стариот Град

уреди
 
Амам и трговски дуќани во Стариот Град

Внатрешниот Град има сочувани градски ѕидини и кули од 1806 година, а неговите улици се сликовити, тесни и излегуваат на мали плоштади на кои се наоѓаат знаменити градби како што се:

Ширваншахов сарај

уреди

Ширваншаховиот сарај (Şirvanşahlar sarayı) од 15 век изграден е на брдо така што се гледа од сите делови на Стариот Град и од море. Тој е најголемиот историски комплекс градби во Азербејџан, а се состои од дворец, диванхан (сала), мавзолеј и гробници, шахова џамија со минаре, порта „Муратова капија“, резервоар и остатоци од амам. Дворецот е оштетен во руско бомбардирање во 18 век и до 20 век е обновена, но поголемиот дел од неговите скапоцености е украден и денес се наоѓа во Топкапи-сарај во Истанбул.

Девствена кула

уреди

Девствената кула (Qız Qalası) од 12 век е изградена на место на постар пагански храм од 7 или 6 век п.н.е. Таа е цилиндрична градба на осум ката од кои секој кат има плиток свод. Првите три ката се од 7 или 6 век и претставуваат древна астрономска опсерваторија или храм на огнот. Во нејзините агли постојат 4 оџаци високи 15 метри низ кои од тлото е воден природен плин до кровот, каде непрекинато горел со висок пламен. Катовите се споени со камени скали од ѕидовите, а осветлени се со тесни прозорци.

Медреса

уреди

Медресата на Мехмед Мезџид (1078-1079) со две простории.

Карвансараи

уреди
  • Карвансарајот Бухара од 15 век за трговците од Исток,
  • Двокатниот Касумбек од 16 век за трговците од море, и
  • Карвансарајот Мултани од 15 век за трговците од Индија.

Џума-џамија

уреди

Џума-џамија и амам (кое едно време била азербејџански музеј на теписи и уметности)

Тука се наоѓаат и бројни други градби, како малите и многу слични џамии.

Дел од светското наследство

уреди

После земјотресот во 2000 година, Стариот Град на Баку е ставен во пописот на светското наследство. Од 2003 до 2009 година бил ставен во пописот на загрозени места од светското наследство.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

40°21′58″N 49°50′06″E / 40.36611° СГШ; 49.83500° ИГД / 40.36611; 49.83500