Стари јужноарапски јазици
Старите јужноарапски јазици[1][1][2][3] сочинувале подгрупа на семитските јазици. Овие јазици биле сродни помеѓу себе, денес се изумрени и се зборувале во Јужна Арабија, на Арапскиот Полуостров. Имало повеќе јужноарапски јазици, за кои не постои доволен број докази. Денес еден јазик само останал жив од сите овие стари јужноарапски јазици и тоа е ризихискиот јазик кој се зборува од мала група луѓе во северозападен Јемен. Јазиците имале свое писмо - јужноарапско писмо. Важно е да се напомене дека денешните јужноарапски јазици не се директни потомци на старите јужноарапски јазици, туку тие се потомци на сестрински јазик на древните јазици.
Стари јужноарапски јазици | |
---|---|
Yemenite | |
Географска распространетост: | Јужна Арабија |
Класификација: | афроазиски
|
Гранки: |
—
|
Класификација
уредиПрвичните истражувања наведувале или сметале дека сите јазици од оваа група се дијалекти на еден стар јужноарапски јазик. Сепа, во средината на дваесеттиот век Бистон докажал дека всушност станува збор за четири различни, но многу блиски јазици.[4] Првично јазиците биле класифицирани како јужносемитски (поради географијата), заедно со современиот арапски, јужноарапските јазици и етиопско-семитските. Според новата класификација старите јужноарапски се сместени во централните семитиски јазици, заедно со арамејски, арапски и угарски[5] со што денешните јужноарапски јазици и етиопско-семитските се оставени во посебна група.
Јазици
уредиСтарите јужноарапски јазици биле составени по бројни помали јазици, а следниве што се наведени се зачувани низ текстовите.
- сабејски јазик: јазикот на Сабејското Кралство (Шеба), а подоцна и на Химјарското Кралство.[6] Јазикот е добро документиран, со над 6000 натписи
- старосабејски јазик: од 8 в. п.н.е. до 2 в. п.н.е.
- средносабејски јазик: од 1 в. п.н.е. до 4 век (најдокументиран јазик)[7]
- харамитски јазик: јазикот северно од Маин[8]
- централносабејски јазик: јазикот на натписите од средишниот дел на Саба
- јужносабејски јазик: јазикот на натписите од Радман и Химјар
- "псевдосабејски јазик": книжевниот јазик на арапските племиња во Наџран, Харам и Карјат ал Фау
- доцносабејски јазик: 5- 6 век
- минејски јазик: јазикот на градовите-држави во Ал Џауф, со исклучок на Харам
- катабански јазик: јазикот на кралството Катабан, забележан во 5 век п.н.е. до 2 век
- аусански јазик: јазикот на кралството Аусан
- хадрамаутски јазик: јазикот во регионот Хадрамаут
- разихиски јазик - единствен жив директен потомок на јазиците
Литература
уреди- Преглед
- Leonid Kogan and Andrey Korotayev: Sayhadic Languages (Epigraphic South Arabian). Semitic Languages. London: Routledge, 1997, pp. 157–183.
- N. Nebes, P. Stein: Ancient South Arabian, in: Roger D. Woodard (Hrsg.): The Cambridge encyclopedia of the World's ancient languages Cambridge University Press, Cambridge 2004 ISBN 0-521-56256-2 S. 454-487 (Up to date grammatical sketch with Bibliography).
- Peter Stein: Ancient South Arabian. In: Stefan Weninger (Hrsg.): The Semitic Languages: An International Handbook. De Gruyter Mouton, Berlin 2011, ISBN 3110186136, pp. 1042–1073.
- Граматика
- A. F. L. Beeston: Sabaic Grammar, Manchester 1984 ISBN 0-9507885-2-X.
- Maria Höfner: Altsüdarabische Grammatik (Porta Linguarum Orientalium, Band 24) Leipzig, 1943.
- Leonid Kogan and Andrey Korotayev: Sayhadic Languages (Epigraphic South Arabian). Semitic Languages. London: Routledge, 1997, p. 157-183.
- N. Nebes, P. Stein: Ancient South Arabian, in: Roger D. Woodard (Hrsg.): The Cambridge encyclopedia of the World's ancient languages Cambridge University Press, Cambridge 2004 ISBN 0-521-56256-2 S. 454-487 (most recent grammatical overview with bibliography).
- Mounir Arbach: Le madhabien: lexique, onomastique et grammaire d'une langue de l'Arabie méridionale préislamique. (Tomes 1-3) Aix-en-Provence, 1993 (Includes a grammar, a lexicon and a list of Minaean personal names)
- Речници
- A. F. L. Beeston, M. A. Ghul, W. W. Müller, J. Ryckmans: Sabaic Dictionary / Dictionnaire sabéen /al-Muʿdscham as-Sabaʾī (Englisch-Französisch-Arabisch) Louvain-la-Neuve, 1982 ISBN 2-8017-0194-7
- Joan Copeland Biella: Dictionary of Old South Arabic. Sabaean dialect Eisenbrauns, 1982 ISBN 1-57506-919-9
- S.D. Ricks: Lexicon of Inscriptional Qatabanian (Studia Pohl, 14), Pontifical Biblical Institute, Rome 1989
- Текстови
- Alessandra Avanzini: Corpus of South Arabian Inscriptions I-III. Qatabanic, Marginal Qatabanic, Awsanite Inscriptions (Arabia Antica 2). Ed. PLUS, Pisa 2004. ISBN 88-8492-263-1
- Barbara Jändl: Altsüdarabische Inschriften auf Metall (Epigraphische Forschungen auf der Arabischen Halbinsel 4). Tübingen, Berlin 2009. ISBN 978-3-8030-2201-1
- Jacques Ryckmans, Walter W. Müller, Yusuf M. Abdallah: Textes du Yémen antique. Inscrits sur bois (Publications de l'Institut Orientaliste de Louvain 43). Institut Orientaliste, Louvain 1994. ISBN 2-87723-104-6
- Peter Stein: Die altsüdarabischen Minuskelinschriften auf Holzstäbchen aus der Bayerischen Staatsbibliothek in München 1: Die Inschriften der mittel- und spätsabäischen Periode (Epigraphische Forschungen auf der Arabischen Halbinsel 5). Tübingen, 2010. ISBN 978-3-8030-2200-4
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 http://e-learning.tsu.ge/pluginfile.php/5868/mod_resource/content/0/dzveli_armosavluri_enebi_-ugarituli_punikuri_arameuli_ebrauli_arabuli.pdf
- ↑ Avanzini, Alessandra (2009). „Origin and Classification of the Ancient South Arabian Languages“. Journal of Semitic Studies. 54 (1): 205–220. doi:10.1093/jss/fgn048. Посетено на 16 April 2018.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-30. Посетено на 2019-01-17.
- ↑ A. F. L. Beeston: Sabaic Grammar, Manchester, 1984
- ↑ „Concise Encyclopedia of Languages of the World“. Elsevier. 6 April 2010. Посетено на 16 April 2018 – преку Google Books.
- ↑ A. Avanzini: Le iscrizioni sudarabiche d'Etiopia: un esempio di culture e lingue a contatto. In: Oriens antiquus, 26 (1987), Seite 201-221
- ↑ Dialekte nach: Peter Stein: Zur Dialektgeographie des Sabäischen. In: Journal of Semitic Studies XLIX/2. Manchester 2004
- ↑ Peter Stein (2007), „Materialien zur sabäischen Dialektologie: Das Problem des amiritischen ("haramitischen") Dialektes“, Zeitschrift der deutschen morgenländischen Gesellschaft (германски), 157, стр. 13–47