Станислав Фечо
Животопис
уредиСтанислав Фечо магистрирал на престижната Академијата за руски балет „Ваганова“ во Санкт Петербург.[1]
Творештво
уредиВо текот на својата богата кариера, Фечо играл повеќе носечки улоги во балетите: „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Рајмонда“, „Оревокршачка“, „Заспаната убавица“, „Дон Кихот“, „Евгени Онегин“, „Дамата со камелии“ итн. Притоа, тој настапувал на сцената на повеќе балетски куќи, како: Прашкиот национален театар, Рускиот балет на Санкт Петербург, Театро Колон итн. исто така, тој учествувал во низа престижни меѓународни балетски гала-претстави: „Gala des Etoiles“ во Монтреал, „Dance Open“ во Санкт Петербург, „Gala Due Mondi“ во Сполето, „Светски балетски ѕвезди“ во Сеул, Светскиот балетски фестивал во Киев, во Донецк итн. Како признание на неговите танчерски способности, Фечо бил добитник на признанијата „Phillip Morris Flower“ (за најдобар балетан во Чешка) и „Pushkin Legacy Ballet Award“. Работејќи како кореограф, Фечо поставил повеќе балети, како: „Бајадера“ во Операта и балетот на Екатеринбург, сопствената верзија на „Жизел“, балетот „Паладио“ поставен во Екатеринбург и во Панама, итн., а на повеќе сцени му бил асистент на кореографот Василиј Медведев. Најпосле, како професор и предавач, Фечо предводел престижни балетски работилници: „Staatsballet“ во Берлин, „Compañia Nacional de Danza“ во Мексико, во Словачкиот национален балет, во Хрватскиот национален балет, во Националниот балет на Панама, итн.[2]