Сталинград (филм од 2013)

„Сталинград“ — руски филм од 2013 година, во режија на Фјодор Бондарчук. Главните улоги ги толкуваат: Петар Фјодоров, Алексеј Барабаш, Андреј Смољаков, Томас Кречман, Јанина Студилина и Хајнер Лојтербах.

Синопсис

уреди

За време на Сталинградската битка, германската војска го зазема едниот брег на Волга, а по неуспешниот обид да ја преминат реката и да извршат контраофанзива, советската војска е принудена на повлекување. Сепак, неколкумина војници успеваат да се префрлат на брегот што го држат Германците. Бидејќи се малкумина, тие се кријат во една куќа крај брегот, а таму ја запознаваат девојката која не ја напуштила линијата на фронтот, а германските војници се вселиле во нејзиниот дом. Така, во екот на војната се раѓа љубов, а од тој миг, војниците имаат само една цел — по секоја цена да ја заштитат девојката...[1]

Наводи

уреди