Стадион Ахмад бин Али
Стадион Ахмад бин Али (арап. ملعب أحمد بن علي)[3] [4] познат како стадион Ал Рајан — повеќенаменски стадион во Ал Рајан, Катар. Моментално најмногу се користи за фудбалски натпревари и е стадион на спортскиот клуб Ал Рајан и спортскиот клуб Ал Харитијат. Стадионот е именуван по Ахмад бин Али Ал Тани, емирот на Катар од 1960 до 1972 година.[5] Поранешниот стадион, изграден во 2003 година, имал капацитет од 21.282 седишта и бил срушен во 2015 година[6] Новиот стадион Ал Рајан има капацитет од 50.000 седишта.[7]
Стадион Ахмад бин Али | |
---|---|
Место | Ал Рајан, Катар |
Координати | 25°19′47″N 51°20′32″E / 25.329640° СГШ; 51.342273° ИГД |
Започнат | 2001–2002, 2016–2018 |
Изграден | 2003 |
Отворен | 2003 (стар стадион), 18 декември 2020 |
Реновиран | 2016–2020 |
Сопственик | |
Подлога | Трева |
Архитект | Pattern Design[1] |
Главни изведувачи | Al-Balagh и Larsen & Toubro |
Игра | Спортски клуб Ал Рајан |
Гледачи | 50.000[2] |
Изградба за Светското првенство Катар
уредиСтадионот Ахмад бин Али е еден од осумте стадиони кои се пренаменети за Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година.[8]
Поранешниот стадион Ахмад бин Али бил срушен во 2015 година[9] за на тоа место да се изгради новиот стадион Ал Рајан. 90 отсто од урнатините ќе бидат повторно искористени или за новиот стадион или за други јавни уметнички проекти.[10]
Изградбата на новиот стадион започнала на почетокот на 2016 година,[11] од страна на Ал Балаг и Ларсен & Тубро. Како дел од реновирањето била направена огромна „медиумска фасада“ со мембрана која ќе делува како екран за проекции, вести, реклами, спортски вести, тековни информации за турнирите и натпревари. Исто така, стадионот бил проширен за капацитетот да достигне 40.740 седишта.
По Светското првенство капацитетот на стадионот ќе биде намален на 21.000 седишта. Новиот стадион е изграден за Светското првенство во фудбал во 2022 година, чиј домаќин ќе биде Катар.[12]
Свеченото отворање на стадионот било на 18 декември 2020 година, на Националниот ден на Катар, и точно две години пред земјата да биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2022 година.[13] На овој стадион се одиграле и дел од натпреварите за Светското клупско првенство на ФИФА во 2020 година.[14] [15]
Дополнително, тука се одиграле и четири натпревари од Арапскиот куп 2021 година.[16]
Светско првенство во фудбал 2022 година
уредиСтадионот Ахмад бин Али ќе биде домаќин на седум натпревари на Светското првенство во фудбал во 2022 година.[17]
Датум | Време | Тим 1 | Резултат | Тим 2 | Рунда | Присуство |
---|---|---|---|---|---|---|
21 ноември 2022 | 22:00 часот | САД | 1–1 | Велс | Група Б | |
23 ноември 2022 | 22:00 часот | Белгија | 1–0 | Канада | Група Ф | |
25 ноември 2022 | 13:00 часот | Велс | 0–2 | Иран | Група Б | |
27 ноември 2022 | 13:00 часот | Јапонија | – | Костарика | Група Е | |
29 ноември 2022 | 22:00 часот | Велс | – | Англија | Група Б | |
1 декември 2022 | 18:00 часот | Хрватска | – | Белгија | Група Ф | |
3 декември 2022 | 22:00 часот | Победникот од Група Ц | – | Второпласириот од Група Д | Осминафинале |
Наводи
уреди- ↑ „Al-Rayyan Stadium“. stadiumdb.com. 9 July 2015. Посетено на 3 September 2021.
- ↑ „Qatar 2022: Al-Rayyan Stadium turf installed in record time“. 3 March 2020. Архивирано од изворникот на 2021-05-09. Посетено на 3 March 2020.
- ↑ „Ahmad Bin Ali Stadium“. Supreme Committee for Delivery & Legacy. Архивирано од изворникот на 2019-07-31. Посетено на 1 April 2022.
- ↑ „Ahmad bin Ali Stadium“. FIFA. Посетено на 1 April 2022.
- ↑ „Qatar inaugurates fourth stadium for the 2022 World Cup in Al Rayyan“. Goal. 18 December 2020. Посетено на 1 April 2022.
- ↑ „New stadium: Ahmad bin Ali Stadium, the desert dune“. stadiumdb.com. 26 January 2021. Посетено на 15 February 2022.
- ↑ „Al Rayyan Stadium Qatar“. onlineqatar.com. 13 May 2019. Посетено на 8 September 2021.
- ↑ „Светско првенство – Катар 2022“. Kladenje.mk. Посетено на 2022-05-12.
- ↑ „Ahmed bin Ali Stadium (Al-Rayyan Stadium) – until 2014“. stadiumdb.com. Посетено на 1 February 2022.
- ↑ „Qatar Unveils Fifth World Cup Venue: Al Rayyan Stadium by Pattern Architects“. archdaily.com. 23 April 2015. Посетено на 5 January 2021.
- ↑ „Qatar 2022: Al Rayyan Stadium sees first concrete pouring“. StadiumDB. 17 October 2016. Посетено на 30 April 2017.
- ↑ Neha Bhatia (13 August 2015). „Revealed: The firms behind the construction Qatar's World Cup stadiums“. Arabian Business. Посетено на 13 August 2015.
- ↑ „Al Rayyan stadium to open on Qatar National Day“. Gulf Times. 3 December 2020. Посетено на 9 December 2020.
- ↑ „Education City and Ahmad Bin Ali stadiums to host FIFA Club World Cup 2020™“. FIFA. 18 January 2021. Посетено на 18 January 2021.
- ↑ „Doha all set to host 2020 FIFA Club World Cup“. iloveqatar.net. 23 January 2021. Посетено на 3 September 2021.
- ↑ „2021 FIFA Arab Cup: Participating teams, fixtures and all you need to know“. goal.com. 18 December 2021. Посетено на 15 February 2022.
- ↑ „2022 Qatar World Cup: Al Rayyan stadium achieves major sustainability rating | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2022-05-12.