Ставро Кочев
Ставро Кочев или Ставрос Коцопоулос, капетан Банициотис (грчки: Σταύρος Κωτσόπουλος, καπετάν Μπανιτσιώτης) е грчки андарт и учесник во Борбата за Македонија.
Ставро Кочев | ||
Роден | ? Баница, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | ? ? |
Животопис
уредиСтавро е роден во Баница, Леринско тогаш во составот на Османлиското Царство. Таму се стекнал со основно образование во грчко училиште и потпаднал под влијание на грчката пропаганда во Македонија. Како таков зел учество во борбата против Македонската револуционерна организација.
Поради проследувањето на турските влсти во 1905 година заминал за Соединетите Американски Држави, а таму дошол во судир со македонската емиграција и во 1907 година се вратил во Македонија.
По враќањето дејствувал во четата на Николаос Андријанакис заедно со Донос Холерис сè до Младотурската револуција.
Малку подоцна бил уапсен и од страна на младотурците бил осуден на смрт и затворен во битолскиот затвор каде чекал да му биде извршена казната. Но успеал да избега од таму и ја напуштил Македонија.
Во 1909 година со андартска чета составена од 6 критјани се вратил во Македонија и со оваа чета дејствувал сè до Втората балканска војна, а во 1914 година се борел во Северен Епир.
По германската окупација на Грција од 1941 година, Ставро се приклучил на грчкиот отпор и деисвувал во Преспанско [1][2][3].
Извори
уреди- ↑ "Αφανείς, Γηγενείς Μακεδονομάχοι", επιστημονική επιμέλεια: Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, εκδόσεις University Studio Press, 2008
- ↑ "Καπετάν Σταύρος Κωτσόπουλος", Νικόλαος Μέρτζος, Μακεδονική Ζωή, τ. 48 (1970), σσ. 37, 38
- ↑ "Ιστορικά Βεύης", Σ. Τριανταφυλλίδης, Φλώρινα 1958, σσ. 35-41