Донос Холерис
Донос или Антигонос Холерис (грчки: Δόνος, Αντίγονος Χολέρης) — андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Донос Холерис | ||
Роден | ? Баница, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 1913 Баница, денес Грција |
Животопис
уредиДонос Холерис е роден во леринското село Баница, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во родното село, во тамошното грчко училиште, а школувањето го продолжил на Големата народна школа во Цариград.
Во јуни 1907 година неговиот дедо Трифон Холерис бил убиен на селскиот плоштад од дејците на Македонската револуционерна организација. По оваа убиство Донос Холерис станал андарт во четата на Ставро Кочев. Подоцна соработувал и со андартскиот капетан Николаос Андријанакис.
Во 1908 година ја напуштил Македонија и заминал за Атина, а во 1910 година со сопствена чета се вратил назад. Во 1911 година го ликвидирал револуционерот Стате Стојан Тасев.[1]
Во текот на Првата балканска војна учествува во борбите против Турците, а во Втората балканска војна формирал група која имала за цел, пронаоѓање и уништување на четите на ВМРО во реонот.
Донос Холерис во јули 1913 година загинал во борба со четата на Васил Чекаларов.[2][3]