Срце од стакло (германски: Herz aus Glas) - германски филм од 1976 година во режија на Вернер Херцог, со дејство во 18 век во Баварија. Филмот го напишал Херцог и делумно дејството е засновано на приказната на Херберт Ахтербус. Главниот лик е Хиас, создаден врз основа на легендарниот баварски пророк Михлхиасл. Филмот трае 94 минути.

„Срце од стакло“
РежисерВернер Херцог
ПродуцентВернер Херцог
СценаристВернер Херцог
Херберт Ахтернбуш
Главни улогиЈозеф Бирбихлер
Стефан Гутлер
Клеменс Шајц
Сонја Скиба
МузикаПопол Вух
КинематографијаЈург Шмит-Рајтвајн
МонтажаБеате Маинка-Јелингхаус
СтудиоВернер Херцог Филм продукција
ДистрибутерВернер Херцог Филм продукција
Премиера1 декември 1976 (1976-12-01) (Филмски Фестивал Лондон)
17 декември 1976 (1976-12-17) (Западна Германија)
Времетраење94 минути
ЗемјаЗападна Германија
Јазикгермански

Заплет

уреди

Во филмот се работи за баварски град од 18 век со фабрика за производство на стакло која произведува брилијантно црвено рубино стакло. Кога умира главниот мајстор за производство во фабриката, тајната за производство на рубинското стакло е изгубена. Локалниот барон и сопственикот на фабриката е опседнат со рубинското стакло и верува дека тоа има магични својства. Со губењето на тајната, тој наскоро полудува заедно со останатите граѓани. Главниот лик е Хиас, човек кој има супер моќ, односно кој може да гледа во иднината и живее на ридовите, кој предвидува уништување на фабриката во пожар.