Српски конзулат во Солун
Српски конзулат во Солун бил отворен во 1887 како последица на конзуларната конвенција на Кралство Србија и Отоманско Царство. Конвенцијата дозволувала отворање на српски конзулати во центрите на Косовски вилает, Солунски вилает и Битолски вилает, односно во Скопје, Солун и Битола. Прв конзул бил Петар Карастојановиќ.
Конзулството активно работело на српската пропаганда во Македонија.
Конзули
уредиИме | Години |
---|---|
Петар Карастојановиќ | 1887 – 1889 |
Коста Христиќ | 1889 - 1890 |
Владимир Љотиќ | 1890 - 1894[1] |
Тодор Станковиќ | 1900 – ? |
Владимир Љотиќ | 1904 - 1909 |
Живојин Балугџиќ | 1909 - 1912 |
-
Извештај на генералниот конзул во Солун Живојин Балугџиќ за четничката дејност во Македонија, 3 мај 1910 г.
-
Извештај на српскиот конзулат во Солун за бугарски активности во Гуменџе, Крива и Боровица, 25 септември 1909 г.
Наводи
уреди- ↑ Вучетић, Биљана (2012). Наша ствар у Османском царству. Београд: Историјски институт. стр. 82. ISBN 978-86-7743-095-5.