Сретенска црква (Киев)

Сретенска црква (украински: Стрітенська церква) - поранешен православен манастир кој се наоѓал во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1853 година, а била разрушена во 1930 година.

Стритенска црква
Стрітенська церква
Карта
Место Киев
Земја Украина
Историја
Основана1853
Архитектура
Завршена1861
Урната1930-ти

Првото споменување на црквата датира од времето на Киевска Рус. Во 1037 година, синот на Владимир Велики, Јарослав Мудриот го проширил овој дел од градот и изградил ѕидини покрај западната порта. Во тоа време најверојатно била изградена и првата црква. Оваа е една од ретките цркви која опстојувала секогаш на местото каде се наоѓала, односно на нејзините стари темели.

Во текот на својата историја, црквата била на неколкупати реновирена. Новата црква била изградена во 1752 година. Оваа црква постоела до средината на 19 век, кога во 1853 година била срушена дрвената црква, и била изградена нова црква од камен. Изградбата на црквата завршила во 1861 година, и истата година, на 21 октомври црквата била осветена. Заедно со црквата била изградена и камбанарија, во неовизантиски стил.

Точниот датум на рушењето на црквата не е познато, но се знае дека бил или во 1930 или во следната 1931 година. Како причина за рушењето на храмот била наведена реконструкцијата и новиот урбанистички план на областа.

Денеска постои иницијатива за повторна изградба на црквата.