Сребренест галеб
Сребренест галеб | |
---|---|
Со перје во сезона на парење | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Галеби |
Род: | Larus |
Вид: | Сребренест галеб |
Научен назив | |
Larus argentatus Pontoppidan, 1763, Данска | |
Распространетост |
Сребренестиот галеб (Larus argentatus) е голем галеб, распространет низ цела западна Европа, а го има и во Македонија.
Распространетост
уредиСребренастиот галеб најчесто се среќава на брегот на морињата во средна и северна Европа, а поретко во копнениот дел, покрај езера. Нивни природни непријатели се соколите, ајкулите, како и копнените ѕверки. Во Македонија, сребренастиот галеб живее крај Охридското Езеро.
Опис
уредиВозрасните сребренасти галеби растат до 60 см, и имаат распон на крилјата од околу 145 см. Тежок е до 1.5 кг.[2][3][4][5] Пердувите им се бели, горната страна на крилјата сива, а врвовите на крилјата им се обоени со црно. На силниот клун, од напред на долната страна има една црвена точка. Очите им се како и клунот, жолти. Нозете имаат благо црвена боја. Бојата на пердувите на мажјакот и женката не се разликуваат. Се огласуваат со звук кој потсеќа на „киу“ или „ка“. Во репертоарот на нивните пеења се и звукови кои личат на завивање и мјаукање. Кога се подготвуваат за напад, подмолно гакаат или мјаукаат со длабокиот глас. Спротивно на тоа, типичното крештење е пред сè предупредување кое треба да го исплаши непријателот, но тоа е и поздрав како и израз за барање (барање храна). Младенчињата повикуваат со морничаво завивачко свирење. Сребренастиот галеб може да доживее старост до 32 години. Тие се единки кои од некоја причина не можат да летаат и живеат под човековата грижа, можат да станат многу питоми и приврзани. Сребренастите галби се во можност да го видат ултравиолетовото светло.[6]
Поведение
уредиИсхрана
уредиГлавна исхрана на сребренастиот галеб е иста како и на многу други галеби. И тие се сештојади, но сепак претежно се хранат со животинска храна како што се риби, мекотели, птици, а понекогаш и мали глодачи. Но, исто како и обичните галеби и сребренестите обиколуваат ѓубришта, зелени површини и полиња во потрага по било што, што може да го ублажи гладот.
Размножување
уредиМоже да помине од четири до седум години додека сребренастиот галеб достигне целосна зрелост и почне на падините, бреговите и дините со лежење јајца и подигање млади. Гнездото кое е од растителен материјал го градат двајцата идни родители, а снесуваат најчесто 2-3 јајца. Мажјакот и женката ги инкубираат 28 до 30 дена. Пилињата остануваат во гнездото пет до шест недели сè додека не станат способни за летање.
Овие птици се долговечни, забележан е најдолг животен век од 49 години.[7]
Галерија
уреди-
Во лет
-
Стоејќи крај брегот
-
Младенче
-
Во лет
-
Крадејќи туѓо јајце, видео
-
Во борба за риба
-
Во потрага по храна
-
Крадејќи храна од рака на човек
-
Крај пристаниште
-
Вреќа за ѓубре што треба да одолее на галебите
-
Додворување
-
Во гнездото
-
Пиле и јајце
-
Хранење на пиле
-
Хранење на пиле
-
Младенче
-
Во лет
-
Во лет
-
Во лет
-
Се дотерува
-
Колонија галеби
-
Јато младенчиња
-
Застанат на ограда
-
Пие вода
-
Испуштајќи звук
-
Од блиску, со оштетено перје
-
Родител и младенче
-
Застанат галеб
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Larus argentatus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Distinguishing Characteristics — Herring Gull — Birds of North America Online
- ↑ Gulls: Of North America, Europe, and Asia by Klaus Malling Olsen & Hans Larsson. Princeton University Press (2004). ISBN 978-0691119977.
- ↑ Harrison, Peter, Seabirds: An Identification Guide. Houghton Mifflin Harcourt (1991), ISBN 978-0-395-60291-1
- ↑ CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
- ↑ Marcus, Adam (2006). „Feather Colors: What Birds See“. Birder's World Magazine. Посетено на 2007-07-18.[мртва врска]
- ↑ „AnAge entry for Larus argentatus“. The Animal Ageing and Longevity Database. Посетено на 2008-11-23.
- AERC TAC's Taxonomic Recommendations Архивирано на 27 мај 2007 г.
- Harris, Alan; Tucker, Laurel & Vinicombe, Keith (1994) The Macmillan Field Guide to Bird Identification, Macmillan, London.
- Seabirds by Harrison, ISBN 0-7470-1410-8
- Snow, D. W. & Perrins, C. M. (1998) Birds of the Western Palearctic: Concise Edition Vol. 1. Oxford University Press, Oxford.
Leakey, Richard. 1979. Abridged and Introduced. The Illustrated Origin of Species. Darwin,Charles. Faber and Faber.ISBN 0-571-11477-6.p. 64
Надворешни врски
уреди- Herring Gull Species Account - Cornell Lab of Ornithology
- Herring Gull - Larus argentatus - USGS Patuxent BIrd Identification InfoCenter
- Herring Gull videos, photos & sounds Архивирано на 12 март 2016 г. on the Internet Bird Collection
- Herring Gull videos from the BBC
- Map of Herring Gull distribution in summer and winter in Europe
- Herring Gulls on www.gullpix.com Архивирано на 5 март 2012 г. - Images of Herring Gulls in all ages
- Територијалност на галебот на YouTube