Срби на врба
Срби на врба (словенечки: Срба на врба, Srba na vrba) или боен гром (словенечки: Бојни гром, Bojni grom) — песна и шовинистички слоган со значење „Стави ги Србите да висат на врбите“ кој потекнува од поим на словенечкиот политичар Марко Натлачен кој бил објавен во 1914 година, на почетокот на Австроунгарската војна против Србија. Песната била популаризирана пред Втората светска војна од Миле Будак, главниот усташки идеолог. За време на Втората светска војна имало масовно убивање на Србите во Независната Држава Хрватска, како резултат на усташкиот прогон на Србите.
Во денешна Хрватска, хрватските нео-нацисти, екстремни националисти и луѓе кој се спротивставуваат на враќањето на српските бегалци често го користат овој слоган. Цртањето графити со оваа фраза се случува често, а тоа било прикажано и во вестите кога било направено на црква во 2004, 2006 и на друга црква во 2008. Во 2010 година банер со овој слоган излезе во среде туристичка сезона на влезот во Сплит, главен туристички центар во Хрватска, за време на „Дејвис Куп“ во тенис помеѓу двете земји. Истиот бил одстранет од полицијата за неколку часа, а виновникот за тоа за кратко бил уапсен и осуден за прекршок.