Споменик „Вселенско огледало“
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Споменикот „Вселенско огледало“, исто така познат како Споменик на Астронаут — споменик кој се наоѓа во комплексот за посетители на Џон Ф. Кенеди вселенскиот центар на островот Мерит, Флорида. Споменикот е чуван од Фондацијата за спомен на астронаутите, чии канцеларии се сместени во НАСА центарот за вселенско образование веднаш до комплексот за посетители. Споменикот беше изграден во 1991 година за спомен на мажите и жените кои умреле во различни вселенски програми на САД, воглавно тие на НАСА. Споменикот „Вселенско огледало“ беше именуван како национален споменик од американскиот Конгрес. На споменикот има 20 НАСА астронаути со кариера, но исто така ги има и имињата на пилотот на Х-15 тестот на американското Воено воздухопловство, офицер на американското Воено воздухопловство кој загинал при тренинг на тогашната тајна воена вселенска програма, цивилен учествувач во вселенски лет кој загинал во несреќата на Чаленџер и меѓународен астронаут кој загинал во несреќата на Коламбија.[1]
Елементи на споменикот
уредиПрва одлика на споменикот е вселенско огледало, големо огледало од црн гранит, поделено на 90 помали панели (квадрати). Имињата на 24 астроанути кои загинале се насекаде на огледалото заедно со имињата на астронаутите кои загинале во исти инциденти групирани на еден панел или пар од блиски панели. Имињата се исечени на површината, изложени на проѕирна позадина и исполнета со проѕирен акрил кој е осветлен од позади со сончева светлина (кога има сонце) и рефлектори кои ги осветлуваат имињата и се појавуваат рефлектирајќи се на небото. Близу до Вселенското огледало се наоѓа гранитен ѕид, кој има слики и кратки биографии на астронаутите од Вселенското огледало. Споменикот за астронаутите бил дизајниран од Вес Џонс од Холт Хиншоу Пфау Џонс и беше именуван како победник на натпреварот на меѓународен дизајн.
Финансирање на споменикот
уредиФондацијата на спомен за астронаутите и споменикот Вселенско огледало се финансирани од регистрациските таблички на специјални возила во државата Флорида. Наречени „Чаленџер“ таблички, за првпат биле издадени во 1987 година и беше првата (и до неодамна најпопуларна) специјална таблички издадени во државата. Третото издание беше во 2004 година, ја вклучуваше Коламбија во текст, но сѐ уште беше наречена табличка „Чаленџер“. Споменикот чинеше 6,2 милиони американски долари.
-
Посветувњето на споменикот
-
Споменикот
-
Вселенското огледало
Непостоечки механизам за барање на сонце
уредиСпоменикот, како што е изграден, има мотори и крици (вид на штрафови) за постојано барање на сонцето на небото во двете насоки. Параболички рефлектори на задната страна на огледалото ја рефлектираат директно сончевата светлина на акрилните панели за брилијантно да се осветлат имињата на почестените со сончева светлина. Додатни рефлектори се користат кога го нема сонцето. Во 1997 година системот за барање „паднал“, каде што дел од споменикот удрил во челична пречка на соседна платформа. Осигурувањето исплатило 375 000 американски долари, но подоцна механизмот повторно имал прекини поради проблем со прстенот со лагери. Проценеттите поправки биле 700 000 американски долари и Фондацијата за спомен на астронаутите, без размислување одлучиле дека е подобро парите да се потрошат на образовни програми. Рефлекторите поради тоа биле преместени и оставени да светат 24 часа на ден.
Почестени
уредиСамо оние кои загинале во мисии со човечки вселенски летови или за време на тренинг на слични мисии спонзорирани од САД кои се вклучени во споменикот. Луѓе почестени на споменикот се: Теодор Фриман, еден од регрутите на „Астронаут 3 групата“ од 1963 година, загинал во Т-38 несреќа при тренинг на 31 октомври 1964 година. Елиот Си и Чарлс Басет загинале во Т-38 несреќа на 28 февруари 1966 година кога нивното летало се срушило во МекДонел зградата 101 кога имало магла. Тие биле екипаж на Џемини 9. Басет бил друг регрут од Група 3, каде што Си бил регрут-астронаут од Група 2 од 1962 година. Вирџил Грисом, Едвард Вајт и Роџер Чафи биле во капсулата на Аполо 1 за тест на надворешни кабли, каде на 27 јануари 1967 година од краток спој се запалија материјали во атмосферата со чист кислород. Астронаутите умреле од задушување со јаглерод моноксид пред до нив да дојдат екипите за спасување. Грисом, еден од астронаутите на „Меркјури Севн“, летал двапати претходно. Вајт го извршил првото американско одење во вселената на Џемини 4. Чафи, бил регрут од Група 3. Клифтон Вилијамс загинал во Т-38 несреќа при тренингна 5 октомври 1967 година. Друг регрут од Група 3, кој бил во Аполо ротацијата на астронаути и би бил дел од екипажот на Аполо 12. Исто така бил запамтен како четврта ѕвезда на официјалниот знак за мисијата на Аполо 12. Се смета дека Алан Бин, кој го заменил Клифтон Вилијамс на Аполо 12, ги има оставено крилјата на Месечината како знак за неговото жртвување. Мајкл Џ. Адамс загинал при уривање на Х-15 на 15 ноември 1967 година. Не бил регрут на НАСА, но останал во спомен поради виртуелно добивање на астронаутски беџ според стандардите на УСАФ со достигнување 50 милји во височина со неговиот фатален лет. Тој исто така бил во програмата за ирботирачка лабораторија со екипаж на Военото воздухопловство на Соединетите Држави. Роберт Х. Лоренс, помладиот загинал на 8 декември 1967 година, кога се тестираше Ф-104, се сруши и неговото седиште за исфрлање на падобранот не се отвори. Тој беше во тоа време во програмата за орбитирање на лабораторија со екипаж и можел да биде меѓу првите афроамерикански астронаути кој ако преживееше можеше да ја прифати понудата на НАСА да биде за сите под 35 МОЛ кандидати кои би можеле да се придружат на нивната вселенска програма кога МОЛ бил завршен во 1969 година. На 28 јануари 1968 година, вселенскиот шатл Чаленџер се распарчи 73 секунди по полетувањето на СТС-51-Л мисија. Сите седум членови на екипажот - Францис „Дик“ Скоби, Мајкл Џ. Смит, Роналд МекНаир, Грегори Џарвис, Џудит Ресник, Елисон Онизука и Криста МекОлифе - загинале. Скоби, МекНаир и Онизука летале и претходно. МекОлифе учествуваше преку Тичер во вселенски проект. М. Л. „Сони“ Картер загинал на 5 април 1991 година во несреќа на летот 2311 на Атлантик Саутист ејрлајнс. Картер бил патник кој патувал на бизнис состанок на НАСА. Имал летано со СТС-33 и во тоа време бил на тренинг на СТС-42. На 1 февруари 2003 година, вселенскиот шатл Коламбија се распадна за време на повторното влегување на крајот од мисијата на СТС-107 поради оштетување додека полетувал.Екипажот го сочинувал: Рик Д. Хасбенд, Вилијам Ц. МекКул, Дејвид М. Браун, Калпана Чаула, Мајкл П. Андерсон, Лаурел Кларк и Илан Рејмон. Хасбенд, Чаула и Андерсон биле ветерани. Илан Рамон бил пилот во израелското воено воздухопловство.
Наводи
уреди- ↑ Ash, J.: "Memorial Repairs Delayed Indefinitely", Florida Today, January 23, 2001.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |