Споменик на жената-борец (Скопје)
Споменик на жената борец — споменик кој се наоѓа во паркот пред Трговскиот центар во Скопје. Изграден е од мермер, и автор е вајарот Боро Митричевски. Откриен е на 8 март 1970 година.
Споменик на жената борец | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | Споменик |
Место | Паркот „Жена борец“ |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Завршена | 8 март 1970 |
Историска позадина
уредиЖените и женската младина од Скопје и цела Македонија активно учествувале во многу акции организирани од СКОЈ и синдикатите. Во 1940 година била основана „Женска набавна задруга“ во која членувале околу 150 жени домаќинки, работнички, студентки и други младинки. Во борбите од НОВ жените учествувале рамо до рамо со своите другари и соборци. Сепак, во најголем број жените биле активни во собирање помош, снабдување на партизанските единици со зимска облека, организирање со храна за политичките затвореници во Скопје и Идризово, разнесување партиска пошта и друго. Многу жени биле вклучени во партиските и другите раководства. Во НОВ животот го загубиле 1.705 жени, „Партизанска споменица 1941“ им била доделена на 30 жени, а Вера Јоциќ е носител на Орден на народен херој на Југославија од Македонија.[1]
Наводи
уреди- ↑ Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982, стр. 13, 14