Споменик на Павел Шатев
Споменик на Павел Шатев — споменик кој се наоѓа пред Порта „Македонија“ во Скопје, Македонија. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.[1]
Споменик на Павел Шатев | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | споменик, статуа |
Место | пред Порта „Македонија“ |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Отворена | 2013 |
Трошок за изградба | 242.000 евра 14.893.000 ден. |
Сопственик | Министерство за култура |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Миле Брцески |
Излеан е во бронза, на иницијатива на Министерството за култура и со одлука на Советот на општина Центар во 2011 година.
На конкурсот што општина Центар го распишува за една недела по одлуката за подигање на овој споменик, пристигнале 15 трудови. Првата награда од 200.000 денари ја добил Миле Брцески, втората награда од 120.000 денари ја добил Сретко Јовановски и третата награда од 60.000 денари - Ангел Коруновски.
Споменикот е поставен веднаш по локалните избори во 2013 година.
Наводи
уреди- ↑ „Павел Шатев :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.