Споменик на Методија Андонов Ченто (Скопје)
Споменикот на Методија Андонов - Ченто претставува спомен обележје на плоштадот Македонија во Скопје посветен на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Споменикот кој е висок 5 метри и тежок 25 тона е дело на вајарот Димитар Филиповски. Поставен е во јуни 2010 година[1]. Тој е работен во италијанската галерија Пиедро Базанти и за него се чинел 780 илјади евра. Тој е поставен до Ристиќевата палата, на местото на кое пред земјотресот во 1963 година се наоѓал Хотелот Македонија, каде што Ченто живеел додека бил на чело на президиумот на АСНОМ. На поставувањето на споменикот присуствувале голем број на граѓани, меѓу која и внуката на Ченто[2]. Споменикот на Методија Андонов Ченто е дел од проектот Скопје 2014.
Наводи
уреди„Споменик на Методија Андонов Ченто (Скопје)“ на Ризницата ? |
- ↑ М.Т.Д. (7 мај 2010). „За споменикот на Ченто 850.000 евра“. Дневник. Посетено на 2011-07-09.[мртва врска]
- ↑ Спасовски, Александар (7 јуни 2010). „Поставен споменикот на Ченто на Плоштадот Македонија“. Сител. Посетено на 2011-07-09.
Оваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |