Ристиќева палата

градба во Скопје, Македонија
(Пренасочено од Ристиќевата палата)

Ристиќевата палата е изградена во 1926 г. по проект на архитектот Драгутин Маслаќ.[1] Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија, во Скопје, Македонија. Една е од ретките згради што во земјотресот во 1963 година не била оштетена.[2]

Ристиќевата палата
Поплава од 1962 во Скопје, место: хотел „Македонија“ и Ристиќева палата

Историја

уреди

Изградена е во 1926 година од страна на српскиот фармацевт Владислав Ристиќ. Во приземјето биле сместени деловните простории, а семејството Ристиќ живееле на погорните спратови.[3][4]

Архитектонскиот дизајн на зградата е на Драгутин Маслаќ, а Драгутин Станковиќ го изработил вајарскиот аспект на зградата.[4]

Оваа палата е една од ретките повисоки згради кои го преживеале земјотресот во Скопје од 26 јули 1963, кога речиси 70% од зградите во градот се уништени. Кога е градена оваа зграда, дизајнерите и архитектот биле свесни за сеизмичките услови, така што презеле соодветни мерки при градењето.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Нова Македонија“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2009-07-26.
  2. „Вест“. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2009-04-28.
  3. 3,0 3,1 „Nova Makedonija“. novamakedonija.com. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 29 април 2011.
  4. 4,0 4,1 Anna Antevski. „Vest:Tues Ristic“. Vest.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 29 април 2011.