Споменик на Александар Македонски (Солун)
споменик во Солун
Споменикот на Александар Македонски — споменик кој се наоѓа во Солун, Грција во непосредна близина на Белата кула и во една од најпопуларните населби во градот, Неа Паралија. Статуата го прикажува македонскиот војсководец Александар Македонски на својот коњ Букефал.
Споменик на Александар Македонски | |
---|---|
Статуа на Александар Македонски | |
Општи податоци | |
Вид | споменик, статуа |
Место | Неа Паралија |
Град | Солун |
Земја | Грција |
Завршена | 1973 |
Отворена | 1973 |
Сопственик | Министерство за култура |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Евангелос Мустакас |
Споменикот бил изграден во 1973 година и е дело на скулптурот Евангелос Мустакас[1]. Бронзената статуа била изработена во Италија.
Висина на статуата е 6 метри додека тежината е 4 тони. Вкупна висина со постаментот е 11 метри.
На западната страна на споменикот од бронза е изработена Битката кај Ис, битка во која Александар Велики бил принуден да побегне од бојното поле од страна на Дариј III.
Општите параметри на комплексот се 23 х 30 метри[2].
Наводи
уреди- ↑ Τζήμου, Κύα. „Οι μεταμορφώσεις γύρω από τον Μέγα Αλέξανδρο“. parallaximag.gr. Архивирано од изворникот на 2015-04-25.
- ↑ „Μακεδονία“. 16 февруари 1974.
„Споменик на Александар Македонски (Солун)“ на Ризницата ? |