Спокој (филм од 1980)

Спокој (полски: Spokój) - полски филм од 1980 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и соавтор на сценариото. Главните улоги ги играат: Јежи Стур, Изабела Олшевска, Јежи Трела, Елжбјета Каркошка, итн. Филмот бил снимен во 1976 година, но неколку години бил чуван во бункер, пред да биде дозволено неговото прикажување.[1]

Бронзена биста на Кишловски
Биста на Кишловски, Алејата на славните, Киелце, Полска

Содржина

уреди

Откако поминува три години в затвор, Антек Гралак (го игра Стур) е ослободен. Тој е решен да почне нов живот и сонува да има свој дом, семејство и мирен живот. Како затвореник, тој ја запознава девојката Божена (ја игра Олшевска) и по излегувањето од затворот се доселува во местото во кое живее таа, со цел да ја побара за жена. Таму, тој се вработува како градежен работник, изнајмува стан и се зближува со колегите од работата. Проблемите настапуваат кога на градилиштето се јавува недостиг од материјал, поради што работниците се незадоволни. Управникот на градилиштето (го игра Трела), со помош на Антек, успева да го прикрие кусокот, но работниците подготвуваат штрајк. Една вечер, управникот го кани Антек во својот дом, а во исто време, работниците пак го канат на состанок. Антек оди кај управникот, каде дознава дека тој планира да им даде отказ на работниците и тој станува во нивна одбрана. Меѓутоа, кога се враќа дома, неговите колеги го претепуваат, мислејќи дека тој му е соработник на управникот. Филмот завршува така што претепаниот Антек кажува дека сака спокојство.[1]

Наводи

уреди