Спирали – слика од Борислав Траиковски. Сликата е масло на платно, завршена во 1982 година со димензии 100 х 80 см и се наоѓа во Музејот на Битола.

Спирали
Творец Борислав Траиковски
Година 1982
Димензии 100 см × 80 см
Место Народен музеј, Битола

Опис

уреди

Сликата „Спирали“ спаѓа во доменот на таканареченото апстрактно сликарство: во нејзината десна половина, насликани се две геометриски фигури – слободно и снажно. Првата е на горната половина од сликата и е стилизирана спирала претставена во вид на една дебела полукружна линија околу која се 6 краци – линии насликани со боја кои се протегаат во различни ритмички правци – вертикално, закосено, па сè до хоризонтално – ова е намерно насликано на ваков начин со што ѝ дава ритам на самата спирала.[1]

Во долната десна половина на сликата е нацртан круг во вид на поголема спирала во кој има концентрично распоредени прстенести кругови коишто се шират од центарот до крајот на главниот круг. Од левата страна на сликата е поставена само боја со што уште повеќе се нагласуваат двата круга. И ова дело е таканаречено експресионистичко сликарство – во кое авторот преку одреден мотив, ги слика своите внатрешни чувства. Во оваа слика тоа се повеќе размислувања, филозофија за бескрајот, за траењето на животот, за симболите и значењето на внатрешните мисли.[1]

Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност – Легатот на Борислав Траиковски.[1]

Наводи

уреди