Ерменски геноцид: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историска позадина: Исправен поим, replaced: амлук → амелук
Ред 63:
 
== Првата светска војна и ерменскиот геноцид ==
[[Податотека:TalaatMehmet Talat Pasha.jpg|лево|мини|256x256пкс| [[Мехмед Талат-паша]] како еден од најистакнатите водачи на Младотурците се смета за најодговорен за геноцидот врз Ерменците]]
[[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] од [[1908|1908 година]] донела значителни промени во општествениот систем на Отоманската империја. Претходните политички ставови засновани на идеите за политички [[исламизам]], [[панисламизам]] и [[османизам]] ги замениле идеите за [[панТурцизам]],{{Efn|''ПанТурцизам'' е политички концепт кој има за цел обединување на сите [[Турски јазик|туркојазични народи]] како и територијата на која тие живеат. Настанал околу [[1880]] година помеѓу турските интелектуалци во тогашната [[Руска Империја]], со цел културно и политичко обединување на сите [[Турци]] на проторите на тогашното [[Отоманско царство]], [[Руска Империја|Русија]], [[Република Кина|Кина]], [[Иран]], [[Авганистан]].}} идеологија заснована на еднаквост на сите туркофони народи, без оглед на областа во која живеат. Еден од најважните идеолошки креатори на панТурцизмот во движењето Младотурци бил поетот и социолог [[Зија Гокалп]] (1876-1924), со чии идеи за единството на сите турски народи Турција влегла во [[Прва светска војна|Првата светска војна]].{{Efn|Зија Гокалп сметал дека е природно право на Турција да ги обедини сите туркојазични народи на подрачјето Турана, односно „природне Турција”.}} Идеологија што ги исклучувала скоро сите не-Турци од политичкиот и граѓанскиот живот не била одобрена кај малцинските христијански народи на тогашна Турција, иако многумина сметале дека панТурцизмот е помало зло од политичкиот исламизам. Во следните години, идеологијата на панТурцизмот станала примарен вид на политичка активност на Младотурците.