'''Хамураби''' (''Hammurabi'') бил шестиот [[крал]] на [[Вавилон]]. По освојувањето на [[Сумер]] и [[Акад]], и прекинувањето на последната сумерска [[династија]] [[Исин]], тој бил прв крал на Вавилонското царство (империја).
Хамураби владеел со Вавилонското царство од [[1792 г. п.н.е.]] до неговата смрт во [[1750 г. п.н.е.]] (датумите се непотврдени). Бил роден во [[1810 г. п.н.е.]] Преку него, градот Вавилон постигнал [[хегемонија]] врз цела [[Месопотамија]].
Тој е најпознат по донесување на [[закон]]ите од [[Хамурабиев законик|Законикот на Хамураби]]. Законикот бил испишан на камена стела и поставен на јавно место, за сите да можат да го видат - иако мал дел од [[население]]то бил писмен.