Стевчо Јакимовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Политичка кариера: Јазична исправка, replaced: нженеринг → нженерство, ски инженерств → ско инженерств
Ред 63:
По дипломирањето на [[Економски факултет - Скопје|Економскиот факултет во Скопје]] во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на [[Радио Скопје]]. Исто така, Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во [[карате]] и петкратен републички првак.
 
Јакимовски е оженет, има два сина, Дамјан и Гоце Јакимовски, кој е сопственик и управител на „Транс Медитор“ ДООЕЛ, [[претпријатие]] што претежно се занимава со патен [[транспорт]].<ref name="ReferenceA">Ирена Мулачка, „Синот на Стевчо Јакимовски превезува нафта“, ''Фокус'', број 1119, 17 март 2017, стр. 28-33.</ref>
 
==Политичка кариера==
Стевчо Јакимовски влегол во [[политика]]та во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младината на [[СФР Југославија|Југославија]]. Оттогаш, тој бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за [[Министерство за економија на Република Македонија|економија]] и [[Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија|министер за труд и социјална политика]]. Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии: најпрвин бил член на Либерално-демократската партија, потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ.<ref>[http://grid.mk/news/505137517/se-formira-nova-partijata-grom-predvodena-od-stevcho-jakimovski На grid.mk]</ref>
 
Функцијата градоначалник на [[општина Карпош]], Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на [[Либерално-демократска партија (Македонија)|Либерално-демократската партија]], втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на [[СДСМ]], додека третиот пат настапил како независен кандидат.<ref name="ReferenceA">Ирена Мулачка, „Синот на Стевчо Јакимовски превезува нафта“, ''Фокус'', број 1119, 17 март 2017, стр. 28-33.</ref> За време на неговиот мандат како градоначалник, општина Карпош е прогласена за најпосакувано одредиште за живеење, според анкетата на [[ЦИА]] спроведена во декември 2011 година. Исто така општината е прогласена за општина со највисока транспарентост (во 2010 година од страна на Форум Аналитика), општина со најголема социјална инклузија (од страна на Институтот „[[Универзитет Евро-Балкан|Евро Балкан]]“ во 2010 година), најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата (од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012), а [[општина Карпош]] стана единствена општина-членка на Европското тело за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата општина.
 
Во 2013 година, Стевчо Јакимовски ја формирал политичка партија [[Граѓанска опција за Македонија]] ([[ГРОМ]]), со која првпат настапил на [[Македонски претседателски избори (2014)|претседателските избори]] во 2014 година, како и на предвремените [[Македонски парламентарни избори (2016)|парламентарни избори во 2016 година]].