Хотел Султанахмед

Хотелот Султанахмед (турски: Sultanahmet Cezaevi), е поранешен затвор којшто се наоѓа во населбата Султанахмед, во Еминоину, Истанбул, Турција.

Хотел Султанахмед
Sultanahmet Cezaevi
Поглед кон хотелот
Поглед кон хотелот
Податоци за хотелот
Место Султанахмед, Истанбул, Турција
Отворен 1918/1919

Објектот бил изграден во периодот помеѓу 1918/1919 година, и претставувал првиот затвор во Османлиското Царство кој бил изграден во современа конепција. Објектот е изграден во стил на неокласика, и се наоѓа веднаш до тогашниот суд, кој пак датира од 1845 година. На главната порта од затворот постои натпис кој гласи: Dersaadet Cinayet Tevkifhanesi.[1] Освен постојаните машки затвореници, овде биле притварани и малолетници и жени. На 25 јануари објектот бил напуштен по изградбата на затворот Сагмалцилар.[2]

Објектот долго време бил празен. Во 1992 година се донело одлука истиот да биде претворен во хотел.[3] Така, денеска овој хотел е еден од најпознатите во градот. Се наоѓа во близина на најголемите туристички атракции на градот: Аја Софија, Султан Ахмедова Џамија, Цариградски хиподром и Топкапи-сарај. Хотелот има 65 соби и 11 апартмани, со капацитет од 130 гости.[4] Осве хотелот, во објектот има отворено и ресторан со капацитет од 55 гости во зима и 95 во лето.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „From Sultanahmet Jailhouse to the Best Hotel in Europe:Four Seasons İstanbul“ ([мртва врска]). Türkiye Seramik Federasyonu Dergisi (13): 84. January–February 2006.CS1-одржување: датумски формат (link)[мртва врска]
  2. „1969 Yılının Önemli Olayları“. Nüve Forum (турски). Архивирано од изворникот на 2010-05-20. Посетено на 2010-01-11.
  3. „Bakanlık eliyle kültür, tarih katliamı“. DernekTürk (турски). Архивирано од изворникот на 2008-03-10. Посетено на 2010-01-11.
  4. „Four Seasons Hotel“. Turkey Travel Planner. Архивирано од изворникот на 2008-09-24. Посетено на 2010-01-11.
  5. „Four Seasons Istanbul“. Five Star Alliance. Архивирано од изворникот на 2009-05-30. Посетено на 2010-01-11.

Надворешни врски уреди

41°0′23″N 28°58′48″E / 41.00639° СГШ; 28.98000° ИГД / 41.00639; 28.98000