Како е спасен господинот Бенкс

Како е спасен господинот Бенкс (англиски: Saving Mr. Banks) е американски филм од 2013 година, во режија на Џон Ли Хенкок. Главните улоги ги толкуваат: Том Хенкс, Ема Томпсон, Колин Фарел и Рут Вилсон.

Содржина уреди

Како грижлив татко, Волт Дизни (го игра Хенкс) им ветува на своите сакани ќерки дека ќе ја екранизира нивната омилена дадилка, Мери Попинс. Но, Дизни не знае дека намќорестата писателка П. Л. Траверс (ја игра Томпсон) нема намера да дозволи нејзиниот најпознат лик да биде пренесен на филмското платно. Поради тоа, ветувањето на Дизни е тешко остварливо. Сепак, по повеќе години, продажбата на книгата на Траверс започнува да опаѓа, па нејзините намалени приходи ја тераат Траверс да се сретне со Дизни за да разговараат околу продажбата на авторските права.[1] [2]

Наводи уреди

  1. Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 25.
  2. Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 25.