Женевски автосаем

Меѓународниот женевски автосаем (фр. Salon International de l'Auto) е годишен автосаем што се одржува секој март во Женева, Швајцарија. Местото на одржување е сајмиштето Geneva Palexpo што се наоѓа веднаш до женевскиот аеродром. Саемот го организира Меѓународната организација на автопрозиводители (Organisation Internationale des Constructeurs d'Automobiles) и се смета за еден од поважните меѓународни настани од овој вид.[1]

Женевскиот автосаем во 2006 г.

Првиот Женевски автосаем е одржан во 1905 г., и оттогаш ги има изложено сите поважни модели на возила со внатрешно согорување во историјата на автомобилот, како и гасни и парни автомобили во раните години. Главни атракции на саемот честопати се егзотичните суперавтомобили. На овој настан се најавуваат прототипови, нова опрема, важни технички откритија, меѓународни партнерства и социо-политички проблематики. Светските автопроизводители го сметаат овој саем за неутрално и рамноправно место за изложување, особено бидејќи Швајцарија нема своја автоиндустрија.[2]

Оддели уреди

Ова се одделите на саемот:

  1. Автомобили со 3, 4 и повеќе тркала.
  2. Електрични автомобили и автомобили на алтернативни горива.
  3. Специјални каросерии за автомобили, автодизајн и автоконструкторство.
  4. Преработени автомобили (штелувани и сл.)
  5. Автоопрема и автоделови
  6. Самостојни производители на опрема
  7. Работилници за поправка и одржување на автомобили
  8. Разни производи и услуги за автмобили
  9. Атракции и претстави.

Меѓународен форум за напредна подвижност уреди

Во рамките на саемот се одржува и Меѓународен форум за напредна подвижност, на кој се зборува за превозните средства во иднината.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Женевски автосаем 2010 Архивирано на 28 јануари 2011 г. (англиски)
  2. Френк Џорданс (3 јуни 2008). „Малото е убаво на Женевскиот автосаем“. Los Angeles Times. Посетено на 3 јуни 2008. (англиски)
  3. „IAMF“. Iamf.ch. Архивирано од изворникот на 2007-09-14. Посетено на 27 јуни 2009. (англиски)

Надворешни врски уреди

Македонски уреди

Англиски уреди