Венецот на Петрија (филм)

„Венецот на Петрија“ (српски: Петријин венац) - југословенски филм, во режија на Срѓан Карановиќ, заснован врз истоимениот роман на Драгослав Михаиловиќ. Главните улоги ги играат: Мирјана Карановиќ, Драган Максимовиќ, Павле Вуисиќ, Марко Николиќ итн. Филмот е снимен во Сењскиот рудник, а Мирјана Карановиќ се појавува во својата прва филмска улога, додека улогата на старата Петрија ја толкува натуршчикот Даринка Живковиќ. Како инспирација за ликот на Петрија била Милена Стефановиќ од рударската населба Равна река, во близината на Ќуприја.[1]

Синопсис уреди

Дејството во филмот се одвива во мало рударско место во Србија, во периодот пред, за време и по Втората светска војна. Во него се раскажува за трагичниот животен пат на неписмената селанка Петрија (ја игра Карановиќ) и за нејзиниот живот со тројцата мажи кои ги сакала. Нејзиниот живот е исполнет со стрпливост, разочарувања, надеж и љубов, претворајќи се во симбол на човечката победа.[1]

Наводи уреди