Шиптар: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Зборот '''шиптар''' е словенизиран облик на етнонимот Shqiptar (Шчипт...
(нема разлика)

Преработка од 01:55, 17 април 2010

Зборот шиптар е словенизиран облик на етнонимот Shqiptar (Шчиптар), односно Shqipëtar (Шчипетар) со кој албанците се нарекуваат самите себе си. [1][2][3][4][5]


Називот ‘’шиптари’’ (Shqiptarët) започнува да се употребува за време на Народно-ослободителната борба на Југославија како замена за претходните синоними "арбанаси", "арнаути", како и "шипнии" (Shqipëri, Shqipni) наместо "арбании". Воведувањето на зборот требало да послужи како исказ кој наведува на единството на албанскиот народ кој живеел во Југославија и Албанија. На практика меѓутоа, за разлика од првобитната намера, се случило токму обратното. Регинализираниот изрази се употребувал како средство за разликување на припадниците на албанската народност во Југославија од албанците во Албанија и ширум светот. [6] Со текот на времето овој назив добива и негативна конотација. Токму поради тоа, во Југославија се забранува употребата на овој назив и наместо него се употребува единственото национално име – албанци.[6]

Во Македонија овој назив беше причината за огромниот скандал во 2009 година, кога Македонските Академци (МАНУ) ја издадоа Македонската Енциклопедија во која албанците беа наречени „шиптари“,”.[7] па потоа беше повлечена од употреба заради големиот број на приговори.

Во Србија, зборот шиптар има статус на политички некоректен [8] и се употребува само од националистички автори и Српската Православна Црква.[9] Интересно е што зборот шиптар кај младите станал жаргон кој има сосема различно значење, па се употребува дури и како замена за „добар другар“ или „драга личност“.[10] Зборот шиптар се смета за навредлив и политиќки некоректен во српски, македонски и другите јужнословенски јазици.

Референци

  1. Vladimir Arsenijević, Naše crnje
  2. Jovan Ćirilov, Albanac ili Šiptar
  3. Prestati sa govorom mržnje i prikrivanjem činjenica o Kosovu
  4. Албанците во енциклопедијата - „шиптари“
  5. Albance u ekciklopediji nazvali „planinskim ljudima”
  6. 6,0 6,1 Dimitrije Bogdanović, Knjiga o Kosovu
  7. Албанците во енциклопедијата - „шиптари“
  8. Upotreba termina Šiptari na sajtu NSPM
  9. Upotreba termina Šiptari na sajtu NSPM
  10. Rečnik žargona: šiptar

Види уште