Музеј на Град Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:SkopskiMuzej.jpg|thumb|right|250px|Музеј на градГрад Скопје]]
[[Слика:MGS-ip.png|thumb|right|250px|Изложбен простор во музејот]]
'''Музеј на Град Скопје''' е основан 1949 год. Од 1970 год. Музејот е сместен во адаптираниот дел од старата [[железничка станица]] која делумно била разурната во скопскиот [[земјотрес]] од 1963 год. Една третина од зградата, која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој располага со простор од 4.500 м2, од кои 2.000 м2 е изложбен простор. Од тогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, историјата на уметност, во регионот на град[[Град Скопје]]. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и негоа јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство. Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по четири одделенија: [[археологија]], [[историја]], [[етнологија]] и [[историја на уметност]]. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доаенот на македонската уметничка фотографија [[Благоја Дрнков]] и донацијата на jапонска графика Укијое. Во 1991 година Љубомир Белогаски му подари на Музејот на градГрад Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на градГрад Скопје што го носи името на донаторот [[Љубомир Белогаски]] и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела. “Прошетка низ минатото” е постојана поставка во Музејот која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата околина. “Отворено графичко студио - МАК-ГРАФ” отворено во 1994 год. кое има и меѓународен карактер, простор за постојан контакт меѓу уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и да ги изложуваат своите дела. Во Старата скопска чаршија се наоѓаат депандансите на Музејот, и тоа во Сули ан е сместена постојаната поставка за “[[Историјата на старата скопска чаршија]]”. “Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ” и “Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ”.