Палеозоик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Палеозоик''' е долга геолошка ера во развојот на [[Земја]]та која почнала пред околу 542, а траела до пред околу 251 милиони година, сметајќи од сегашно време. Називот потекнува од грчките зборови „палео“ (стар) и „зооик“ (живот). Палеозоикот е прва (најстара) ера на [[Еон (геологија)|еон]]от [[фанерозоик]].
 
Палеозоикот се дели на периоди, одејќи од најстариот кон најмладиот: [[камбриум]], [[ордовициумордовик]], [[силур]], [[девон (период)|девон]], [[карбон (период)|карбон]] и [[перм (период)|перм]].
 
Периодот на камбриум претставува период на зачетокот на животот. Во камбриумот, пред околу 540 милиони години, на копното немало никаков живот, но затоа во [[море]]то живееле разновидни [[растенија]] и [[животни]] со меко тело: [[мекотели]], [[Медуза|медузи]], [[сунѓери]]. Познато е дека [[трилобити]]те имале големо хоризонтално распространување, но и дека голем број родови изумреле кон крајот на камбриумот. Во текот на следните 160 милиони години се појавиле нови морски животни: [[корал]]и и морски [[лилјан]]и, како и необични [[риби]] без вилици наречени [[Безвилични ‘рбетници|агнати]] или „тркалезноусти“. Воедно тие се и првите [[рбетници|`рбетници]]. Наскоро [[море|морињата]] и [[океан]]ите ги населиле разни видови [[риби]], кои потоа тргнале и во слатките води — [[езеро|езерата]] и [[река|реките]].