Треченто: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Историја на уметност (со користење на HotCat)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Треченто''' ([[италијански јазик|итал.]] Trecento ) е назив за [[Италија|италијанската]] уметност од XIV век.
 
Врз основите на [[Византија|византискиот]] стил и [[готика]]та се појавува сликарска школа со седиште во [[Сиена]]. Во периодот на треченто, благодарејќи на значајните дела на [[Данте]] во [[Епика|епската]] поезија, на [[Петрарка]] во лириката и [[Бокачо]] во новелизмот, [[Тоскана|тосканскиот]] дијалект станува основа за единствениот [[Италија|италијански]] книжевен јазик.
 
Периодот на треченто е период на енергични активности во италијанската уметност, вклучувајќи го [[сликарство]]то, [[архитектура]]та, [[литература]]та и [[музика]]та. Достигнувањата во музиката од овој период се еднакви со достигнувањата во другите уметности и тоа на многу начини, односно се појавуваат нови форми на изразување. Во тој поглед, музиката на треченто повеќе изгледа како феномен на [[ренесанса]]та. Како и да е, доминатниот музички јазик е потесно поврзан со оној од доцниот [[Среден век]], а музиколозите обично тречентото го класифицираат како крај на средновековната ера.<ref>[http://en.academic.ru/dic.nsf/enwiki/1641912 Музиката од периодот на треченто] ([[англиски јазик|англ.]])</ref>