Харалампие Манчев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Во текот на [[Втората светска војна]] оди на специјализација во Педијатриската клиника во [[Софија]], каде се запознава со д-р Аспарух Панов, кој на свој материјал му покажал хематолошки промени кај [[анемија]]та на Кулеј. Манчев почнал да ја истражува инциденцијата на [[Средоземно море|средоземноморската]] [[анемија]] на Кулеј, при што барајќи ги [[маларија|маларичните]] паразити, открил чудна формација ([[лајшманија]]) во пунктатите кај децата со огромни слезини и [[црн дроб]]. Откривањето на лајшманската епидемија во [[Македонија]] дала поттик многу истражувачи да установат [[лајшманија]] и во други зони. Повеќе од 100 деца биле брзо дијагностицирани од негова страна и биле третирани со специфична хемотерапија со антипаразитно делување и клинички, еден вид ''ex juvantibus''.
 
[[Кала-азар]] (КА) е животната тема на доц. д-р Харалмпие Манчев, кој прв ја опиша оваа паразитоза кај децата во нашата земја, болест предизвикана од лајшманијата, со вектор на [[паразит]]от од болни животни ([[куче|кучиња]], [[ласица|ласици]] и други тропски ѕверки) со мушичката позната кај нас како папатачи (ph. FlebotonusFlebotomus paptacei).<ref>[http://www.zpm.org.mk/public/mpi%20broj%206.pdf Македонски педијатриски информатор (pdf.)]</ref>
 
Харалампие Манчев е првиот раководител на Детското одделение при Земската болница во [[Скопје]] (1946 г.), прв директор на Детската клиника (1947 г.) а потоа работи како лекар во Специјалната клиника за болести на белите дробови кај децата “Козле“. Тој е прв редактор на медицинското стручно-научно списание ''Македонски медицински преглед'' што го издава [[Македонско лекарско друштво|Македонското лекарско друштво]]<ref>[http://www.mld.org.mk/sodrzina.php?glm=1&sid=17 Македонски медицински преглед]</ref> и прв претседател на Здружението на педијатрите на Македонија.<ref>[http://www.zpm.org.mk/zanas.php Здружение на педијатрите на Македонија]</ref>