Зрновци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: ru:Зрновци
Ред 30:
 
== Историja ==
''' Настанување и историскиот развиток на Зрновци'''
 
За постанокот на Зрновци, како и за многу други селски населби во Кочанската котлина, не се располага со конкретни изворни податоци кога е основано како населба. Плодната обработлива земја и поволните климатски услови го привлекле вниманието за населувањето уште од најстари времиња пред нашата ера. Меѓу најстарите жители било и племето [[Меди]], кое припаѓало на народот Трачани. Меѓутоа, во II век пред нашата ера од 148 година, Кочанско-ВиничкиотКочанскиот регион потпаѓа под власт на Римјаните. Нивното владеење има позитивно влијание, и е од мошне големо значење, бидејќи ја култивизираат оваа географска средина и го интензивираат земјоделското производство. Со доаѓањето на словените од VI-VIII век, создаваната цивилизација со векови на ова тло, започнува да исчезнува. Значајни трагови од римското владеење постојат во Зрновци, [[Видовиште]], [[Истибања]] и др. Меѓутоа, Словенскиот елемент преовладувал уште во првата половина на VII-иот век, создавајќи една компактна етничка основа која се одржала до денес.
 
Во средновековниот период за Зрновци, па и за многу други населби од Кочанската котлина не постојат поверодостојни податоци за нивниот постанок и развој. Постои едно народно предание од првата половина на XIV век за време на владеењето на [[Цар Душан]] и деспотот [[Јован Оливер]]. Имено, според него, еден богат човек од с. Зрновци имал три ќерки: Мара, Вида и Трајанка, кои ги омажил — Мара во [[Мородвис]], Вида во [[Видовиште]] и Трајанка во [[Теранци]]. Така што по нивните имиња се претпоставува дека ги добиле имињата наведените села. Таткото на тие девојки наредил на подножието од планината [[Плачковица]] да се изгради канал за вода за наводнување, кој се протегал од с. Зрновци на исток, до с. Теранци на запад. Тој канал за вода и денес постои.
По смрtта на деспотот Јован Оливер 1355 година со Зрновци и Кочанско-Виничкиот регион владееле браќата Константин и Јован Драгаш, а црковно потпаѓале под Мороздвиската, а потоа Злетовската епископија. Кон крајот на XIV век поточно 1395 година со doa|aweto на Турците овој крај потпаѓа под турска власт. Поради теророт на Турците над незаштитеното македонско население, дел од него мигрира од овој крај, а дел оди во ајдути, така што од Зрновци и другите селски населби во Кочанската котлина се повеќе се зголемува бројот на турското население.
 
Оној дел од македонското население што останал во селото работеле на чиф-лигарските имоти на богатите Турци. Турците ги запоседнувале најбогатите села со најплодната земја, а додека македонското население е принудено да се пренасели во ридско-планинските терени. Најголем дел од чифлик-сајбиите потекнувале од Кочани и "големото" село Зрновци на подножието на Плачковица" се вели на едно место.
 
Се претпоставува дека селото Зрновци, потоа Лески, Теранци, Блатец и други села во Кочанската котлина егзистирале во средниот век и во кои постоеле стари Словено-македонски родови "Корењаци". За самиот назив Зрновци, постои предание me|u народот дека настанал од "зрно и овци", што говори дека овој крај изобилувал со зрнени култури и со мошне развиено сточарство.
За положбата на населението "рајата" од Зрновци како и од цела Македонија, општопознато е дека била mo{ne te{ka. Покрај теророт над македонското население, бес-платната работа - "ангарија" на селаните кај богатите турски бегови, тоа било оптоварено со многубројни и разновидни по својот карактер, даноци.
 
Покрај тоа, населението било изложено на асимилаторската пропаганда од соседните Балкански буржоазии и нивните верски институции, меѓу кои посебно од Бугарската егзархија и Грчката патријаршија.
Со основањето на Бугарската егзархија 1870 година, откако македонскиот народ не успеал да основа своја посебна македонска афтокефална црква (да ја обнови Охридската архиепископија укината 1767 година), а бидејќи и понатаму не сакал да остане под јурисдикција на Цариградската патријаршија, најголем дел од населението од овој крај па и цела Македонија, влегол под водомството на Бугарската егзархија. Ставајќи се под ресорот на Бугарскиот, отколку грчкиот за нив туѓ јазик, македонското население од турските власти бил запишан во пописните тефтери ("нуфузи") како (БУЛГАР МИЛЕТ ) т. е. бугарски народ, додека помал дел од кој и натаму останал под јуриздикција на Цариградската патријаршија, во турските пописни тефтери се водел како ("РУМ-МИЛЕТ") т. е. грчки народ. Ваквото национално определување, турската власт го вршела според своето шеријатско право, според кое ако еден народ има своја призната црква од турските власти, тогаш, Високата порта му ја признавала неговата етничка посебност, а бидејќи македонскиот народ немал своја призната црква од турската власт, бил третиран како "Бугарски" односно "Грчки народ". Така што од 42 села во Кочанската каза во крајот на 19 век, од вкупно 19.500 жители, 18.000 биле егзархисти, од кои 720 во с. Зрновци односно 58% од населението во ова каза биле егзархиско.
 
Во новите услови во последните дваесет години од 19 век што уследиле по Руско-турската војна, се создале реални можности сред македонското население и уште повеќе ги разгореле неговите вековни стремежи за ослободување од стегите на трулиот турски феудален систем, за стекнување на национална независност на македонскиот народ. Најзначаен двигател и носител во остварувањето на ослободителните стремежи била Внатрешната македонска организација создадена 1893 година, која покрај против турскиот непријател, требала да се бори и против странските пропаганди на балканските буржуазии. Набрзо националноослободителното движење во рамките на ВМРО започнува да се омасовува и да пушта длабоки корени сред масите во Кочанскиот регион, за што многу придонесуваат со своето делување нејзините предводници: Гоце Делчев и Даме Груев, кои учителствувале во Штип.
 
Осетен удар на револуционерното движење во Зрновци и Кочанско-Виничкиот регион му било нанесено со познатата "Виничка афера" од декември 1897 година, со која практично била провалена Организацијата, а голем дел од нејзините членови уапсени или убиени. Конкретно од селото Зрновци во извештајот на австроунгарскиот конзул од Скопје од 22 декември 1897 година №228 во врска со Виничката афера се изнесува дека, турските власти по откривањето на оружјето на револуционерната ораганизација превзеле масовни репресивни мерки. Имено, турските војници и полицијата извршиле многубројни злочини, убиства, мачења, силувања и сл. во многу села меѓу кои во с. Зрновци. Во извештајот е речено дека поп Никола од с Зрновци бил мачен со вжештено железо. Според списокот на лицата тепани и масакрирани, силувани и убиени во с. Зрновци биле мачени и тепани речиси повеќето од селаните. Некои од нив се многу тепани. Меѓу последните е и учителот Ѓорѓи Коцев. Масакрирани: селскиот свештеник Никола обесен три часа за нозете, за рацете 24 часа, поставен во ладна вода неколку часа, горен со вжештено железо во задникот. Левата рака веќе му е осакатена. Тасо Мишев обесен и горен, Ѓорѓи Ампов обесен исто така . . ." се вели во извештајот на австроунгарскиот конзул во Скопје. И покрај тешкиот удар Организацијата од овој крај, дел од широките маси во Илинденското востание иако не масовно, сепак се vклучени. Во времето на Хуриетот односно младотурската револуција, Кочанската револуционерна организација била во рацете на луѓето на Тодор Александров, која со извесна недоверба гледала кон младотурската револуција организирајќи повеќе бомбашки или т.н. “магарешки атентати„ во Кочани, Штiп и др. места.
 
Во текот и по Балканските војни Зрновци заедно со Кочанскиот регион потпаѓа под српска власт и тоа е крај на турското владеење во овој крај на и Македонија vоопшто. Со одлуките на Версајскиот мировен договор од 1919 година (непосредно по Првата светска војна) цела Вардарска Македонија била припоена кон новоформираното Кралство на СХС (Срби,Хрвати и Словенци).
Во денешно време со осамостојувањето на РМ како самостојна држава, општина Зрновци е прогласена како посебна единица на локална самоуправа во 1996 год. Во својот состав ги има трите села: Зрновци, Мородвис и Видовиште.
проф. д-р Лазар Лазаров
 
 
 
 
'''[[МОРОДВИС]] - НАЈСТАРА НАСЕЛБА ВО КОЧАНСКИОТ РЕГИОН'''
 
Животот во Кочанската котлина постоел многу одамна. Постоеле помали и поголеми населеби, меѓу кои Запара, Келенидиј и Армонија, за кои се претпоставува дека егзистрале на овие простори. Најстара населба што ја среќаваме во историските записи, а која постои и денес е населбата [[Мородвис]]. На местото каде денес се наоѓа [[Мородвис]], порано постоело Мороздвизд, Форомиздос, Форомендис, Моробиздон - различни форми на записи за една иста населба.
 
Од формирањето во 969 односно 976 година, до згаснувањето во 1018, на Самуиловата држава, градот Мороздвизд се наоѓал во нејзин состав. За време на нејзиното постоење израснал во значаен воен и духовен град (центар) во Брегалничката област. По смртта на Иван Владислав, градот Мороздвизд доброволно се предал на Василиј II кога овој бил во Мосинопол. Ова го пишува во "Кратката историја" (811-1079) од византискиот историчар [[Јован Скилица]] каде што се вели: "а таму (во Мосинопол - К. С.) дошле пратеници на населението од [[Пелагонија]], Мороздвизд и Липљан, кои на царот (Василиј II - К. С.) му ги предале градовите". Ова е првиот извор во кој се споменува градот Мороздвизд, 16526г - (1018) година.
 
По уништувањето на Самуиловата држава, една година подоцна, во 1019 година повторно се споменува градот Мороздвизд, но сега како епископски центар, во хрисовулот на [[Василиј II]] даден на Охридскиот архи-епископ. Во хрисовулот се вели :"... и епископот на Мороздвизд да има во самиот Мороздвизд и во [[Козјак]], [[Славиште]], [[Злетово]], [[Луковица]], [[Пијанец]] и [[Малешево]], 15 клирици и 15 парици." Co оваа грамота [[Василиј II]] ја прифатил постоечката црковна административна поделба, со тоа не го уништил значењето на населбата Мороздвизд.
 
Вр почетокот на 12 век Малешево станал епископски центар на Брегалничката област (епископија). Иако од крајот на 11 век Мороздвизд го изгубил духовното знзчење, животот не замрел. Ова се гледа и од Теографијата" на Арабјанецот Идризи, запишана кон средината на 12 век. Идризи за Мороздвизд (Форомиздос) вели: "Од Куритус, в десно го изоставаш патот за Ахрисубули ([[Орфано]]) и се спушташ на север за градот Фурумиздус (Мородвис), до кој има два дена пат. Последниот е масовен град распространет на врвот на една височинка. Тој има лозја и непрекинато надоврзани обработливи полиња." Co археолошките ископувања во с. Мородвис, во питоси се најдени зрна грозје и повеќе сорти жита.
 
Животот во Кочанската котлина постоел многу одамна. Постоеле помали и поголеми населеби, меѓу кои Запара, Келенидиј и Армонија, за кои се претпоставува дека егзистрале на овие простори. Најстара населба што ја среќаваме во историските записи, а која постои и денес е населбата Мородвис. На местото каде денес се наоѓа Мородвис, порано постоело Мороздвизд, Форомиздос, Форомендис, Моробиздон - различни форми на записи за една иста населба.
Од формирањето во 969 односно 976 година, до згаснувањето во 1018, на Самуиловата држава, градот Мороздвизд се наоѓал во нејзин состав. За време на нејзиното постоење израснал во значаен воен и духовен град (центар) во Брегалничката област. По смртта на Иван Владислав, градот Мороздвизд доброволно се предал на Василиј II кога овој бил во Мосинопол. Ова го пишува во "Кратката историја" (811-1079) од византискиот историчар Јован Скилица каде што се вели: "а таму (во Мосинопол - К. С.) дошле пратеници на населението од Пелагонија, Мороздвизд и Липљан, кои на царот (Василиј II - К. С.) му ги предале градовите". Ова е првиот извор во кој се споменува градот Мороздвизд, 16526г - (1018) година.
По уништувањето на Самуиловата држава, една година подоцна, во 1019 година повторно се споменува градот Мороздвизд, но сега како епископски центар, во хрисовулот на Василиј II даден на Охридскиот архи-епископ. Во хрисовулот се вели :"... и епископот на Мороздвизд да има во самиот Мороздвизд и во Козјак, Славиште, Злетово, Луковица, Пијанец и Малешево, 15 клирици и 15 парици." Co оваа грамота Василиј II ја прифатил постоечката црковна административна поделба, со тоа не го уништил значењето на населбата Мороздвизд.
Вр почетокот на 12 век Малешево станал епископски центар на Брегалничката област (епископија). Иако од крајот на 11 век Мороздвизд го изгубил духовното знзчење, животот не замрел. Ова се гледа и од Теографијата" на Арабјанецот Идризи, запишана кон средината на 12 век. Идризи за Мороздвизд (Форомиздос) вели: "Од Куритус, в десно го изоставаш патот за Ахрисубули (Орфано) и се спушташ на север за градот Фурумиздус (Мородвис), до кој има два дена пат. Последниот е масовен град распространет на врвот на една височинка. Тој има лозја и непрекинато надоврзани обработливи полиња." Co археолошките ископувања во с. Мородвис, во питоси се најдени зрна грозје и повеќе сорти жита.
Во 60-те или 70-те години на 13 век епископски центар повторно станала населбата Мороздвизд. Тоа траело и во наредниот период, но постепено опаѓало значењето на Мороздвизд. Српскиот крал Милутин (1282-1321) во првите години од своето владение освои повеќе територии од Македонија, меѓу кои и Брегалничката област. Во 1300 го-дина во Грамотата дадена на скопскиот манастир "Св. Георги Горго", Милутин наведува дека манастирот поседува имот "Авазгово под Мо-роздвизд, што го придодаде госп. Маноил Царот, со лозја, со ниви, со ливади, со пасишта, со летници, и зимници и со воденици, со планината и со сите права."
 
Мороздвиздската епископија постоела и за време на српското владеење, но нејзината територија полека се смалувала и го губела значењето што го имала во Брегалничката област и пошироко. Тоа се гледа и од Грачаничката грамота на Милутин при крајот на неговото владеење од 1321 година. Од грамотата се гледа дека кралот Милутин го дарувал Грачаничкиот манастир со села и земја меѓу кои "И по Вранју и по Славиште и по... и по Злетово и Мороздвизд и по . . . и (нејасно -м.з.) од области грчки крал господар сум и на кралевите на земјите Злетовски, Самоковски и Шуменски татковина и дедовина при Ибар Марица наречен, го зедов тоа и го дадов на владеење или на Липљанските или на Призренските епископии." Дел од Мороздвиздската епископија ја ставил под јуриздикција на Липљанската или Призренската црква.
 
Во 1341 година владетелот на источниот дел од Македонија Јован Оливар го изградил манастирот "Св. [[Архангел Михаил]]", во с. [[Лесново]], a веќе наредната 1342 година го подарил на Хиландарскиот манастир. Co повелбата на Душан, дадена на Лесновскиот манастир "Св. Архан-гел Михаил" во 1347 година манастирот станал седиште на новосоздадената Злетовска епископија. Кон оваа епископија се спојува територијата на веќе запуштената Мороздвиздска епископија. Во повелбата е опишана границата на Мороздвизд што почнувала од Зрновштица и одела до Воихнино Селиште. Во Зрновштица се подарени две воденици, а половина од водата требало да му припадне на Мороздвизд. Меѓата на Мороздвизд спрема Зр-новштица, почнувајќи од Зрновштичката Река, не можелада се утврди, бидејќи имотите на населението од Мороздвизд и Зрновштица била измешана.
Пред да потпадне Македонија под Османлиска власт со територијата на Брегалничката област и пошироко управувале браќата Дејанови (Јован и Константин Драгаш) чија престолнина била во Велбужд, денешен Ќустендил. Во рамките на оваа држава влегла и веќе запустената населба Мороздвизд. Од овој период ја имаме грамотата на Константин Драгаш дадена во 1381 година на Хиландарскиот манастир според која "селото Мороздвизд заедно со заселците Роковци и Грдовци со сите меѓи и права на тоа село" се дава како имоти на манастирот.
 
Коце СТОЈМЕНОВ
Пред да потпадне Македонија под Османлиска власт со територијата на Брегалничката област и пошироко управувале браќата Дејанови (Јован и Константин Драгаш) чија престолнина била во Велбужд, денешен [[Ќустендил]]. Во рамките на оваа држава влегла и веќе запустената населба Мороздвизд. Од овој период ја имаме грамотата на [[Константин Драгаш]] дадена во 1381 година на Хиландарскиот манастир според која "селото Мороздвизд заедно со заселците Роковци и [[Грдовци]] со сите меѓи и права на тоа село" се дава како имоти на манастирот.
 
== Економија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зрновци