Швајцарска гарда: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: кој што -> којшто
→‎Швјцарската гарда во Франција: додадена бартоломејска ноќ
Ред 11:
 
„Стоте Швајцарци“ биле основани околу 1450 година од страна на кралот [[Шарл VII Француски|Шарл VII]]. Нивна главна задача била да го заштитат кралот додека тој бил во дворецот, па често ги нарекувале и „внатрешни гардисти на Лувр“ (''garde du dedans du Louvre''), но во своите рани периоди тие го придружувале кралот во војна. Во [[Битка кај Павиа|битката кај Павиа]] (1525) стоте војници на кралот [[Франсоа I Француски|Франсоа I]] биле убиени пред кралот да биде заробен од страна на [[Шпанија|Шпанците]]. Тие придонесле во внатрешната заштита со кралските телохранители (''[[Gardes du Corps]]''), коишто биле Французи.
 
Во текот на ноќта на 23 август 1572 година, швајцарските гардисти го започнале [[Бартоломејскиот масакр]], кога по наредба на кралот [[Шарл IX]] ги протерале од [[Лувр]] сите хугеноти (протестанти), а потоа и ги убиле по улиците на Париз. Исто така, ги убиле и водачите на хугенотите.
 
[[Франсоа I Француски|Франсоа I]] предводел 120 швајцарски пешадијци во војните кои ги водел. Во 1616 година, кралот [[Луј XIII]] ги нарекол швајцарските пешадијци „швајцарски гардисти“ (Swiss Guards). Новите пешадијци имале задача да ги заштитуваат портите и надворешната околина на различните кралски места. Оваа единица официјално била пешадиски полк, но сепак најчесто ја сметале за [[Maison du Roi|кралска домашна војска]].