Архелај I: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sh:Arhelaj I od Makedonije
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Arhelaj.jpg|thumb|300px|Монета со ликот на Архелај, аверс и реверс]]
'''Архелај I''' бил крал на [[Античка Македонија]] од [[413 п.н.е.|413]] до [[399 п.н.е.|399]] п.н.е., кој стапил на тронот по смртта на неговиот татко, [[Пердика II]]. Мајка му на Архелај всушност била робинка, а Архелај успеал да дојде до тронот со тоа што го убил неговиот чичко, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник, но се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.
 
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со [[Атина]], кои представувале голема закана во последните 50-тина годни. Атињаните биле тешко поразени во [[Сиракуза]] при крајот на 413 год. и најголемит дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата,,Народен ''[[Проксенос]]'' и ''[[Евергет]]''".