Нострадамус: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: lv:Nostradams

Ред 13:

==Биографија==
Дипломирал на Универзитетот во [[Монпеље]] и станал лекар. Како лекар се прославил со дезинфекциското средство кое го открил и со кое спасил многу пациенти за време на [[чума]]та во [[Франција]]. Некои биографи поради тоа го нарекуваат - татко на антисептичката медицина.

Уште од раната младост имал голема склоност кон [[астрономија]]та и [[астрологија]]та. Неговиот дедо го вовел во овие науки, а го запознал и со [[Кабала]]та.

Во [[1555]] година, на 52-годишна возраст, Нострадамус ја објавува својата прва книга центурии. Печатена е во [[Лион]] под наслов „Пророштвата на мајсторот Мишел Нострадамус“. Веднаш по излегување оваа книга доживеала голем успех. Во дворецот на [[Хенрих II]] не се зборувало за ништо друго освен за пророкот од [[Провенса]]. Сите сакале да се запознаат со него, но најзначајна била поканата од кралот Хенрих II и [[Катерина Медичи]], со која станале големи пријатели.

==Алманахот==
Алманахот и книгите кои ги пишувал Нострадамус доживеале таков успех, што почнале да се издаваат секакви книги под негово име. Настанала таква збрка, поради која Нострадамус бил огорчен. Се затворил дома, не примал никого, и во [[1558]] година го издал второто проширено издание на своите центурии, кое го посветил на кралот [[Хенрих II]], и му напишал едно опширно писмо во кое се вели:

„Можев во секој катрен да го напишам точното време на настаните, но тоа не би им се допаднало на сите. Затоа сè запишувам шифрирано, а не едноставно пророчки.“

==Интересни факти==

* Предвидувањата на Нострадамус се однесуваат на еден долг временски период - од неговото време до [[3797]] година, после која тој гледа само [[експлозија]] и еден голем [[пожар]] и ништо друго.
* Само мал број од стиховите имаат датуми.
* Катрените не се хронолошки наредени, па често е невозможно некое пророштво да се поврзе со историски настан.
* Стиховите се преполни со [[астрологија|астролошки поими]] со кои сепак може да се одреди времето на настанот.
* Се знае дека пишувал барем два или три стиха за одреден настан, иако не се во книгата едни до други.
* Еден дел од стиховите се изгубени.
* Постојат многу толкувачи на Нострадамус, а повеќето од нив различно толкуваат дури и еден ист стих кој се однесува на иднината.

==Од стиховите на Нострадамус==

===За чудовишта===

„А кога змијата од кафезот ќе се роди,

ќе биде тоа суштество од нечовечки род...“

„Ќе биде роден од стомак, со две глави

и четири раце, ќе умре рано...“

„Од [[Јадран]] сè до Сабинскиот крај

морски страшен ѕвер ќе доплови,

со човечки лик, а рибји пераи,

со јадица луѓето ќе го ловат.“

===За Македонија (ја спомнува повеќепати)===

„Заби на небото ќе засветат ноќе,

и сите од [[Рона]] сјајот ќе го видат,

војна, глад, а помош доцна ќе дојде:

на [[Македонци]]те [[Персија]] иде.“

===За војна со Муслиманите===

„Сила голема крстот што го мрази

во Меѓуречје ќе крене глава:

ќе ги пребродат реките брзите одреди,

а оној што на многумина душман им беше,

овој пат ќе биде во право.“

===За 1999 година===

„[[јули|Седмиот месец]] [[1999]], владетел се спрема

грозен и страшен од небо да дојде,

да го воскресне кралот од [[Ангулем]]...

[[Овен (хороскопски знак)|Овен]] доаѓа од една, [[Марс]] од друга страна,

никогаш не се гинело вака,

крвта на невините и на децата ќе се лие...“

==Фусноти==