Друштво на мртвите поети: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија
с →‎Заплет: Правописна исправка, replaced: идеата → идејата
Ред 23:
== Заплет ==
Седум момчиња, Нил Пери (Роберт Шон Леонард), Тод Андерсон (Итан Хок), Нокс Оверстрит (Џош Чарлс), Чарли Далтон (Гејл Хансен), Ричард Камерон (Дилан Кусман), Стивен Микс (Алелон Ружерио) и Џерард Питс (Џемс Ватерстон) ја посетуваат наставата во престижното подготвително училиште, академијата Велтон, чии четири основни принципи се: Традиција, Чест, Дисциплина и Совршеност.
На првиот ден од нивниот час на учениците им е претставена обемната и необична наставна програма од страна на сериозниот управител на училиштето Гејл Нолан (Норман Лојд). Сепак, нивниот нов наставник по англиски јазик, Џон Китинг (Робин Вилијамс) им кажува на учениците дека може да го викаат "O капетане! Мој капетане!" (наслов од песна на Волт Витман) доколку се чувствуваат доволно храбри за тоа. Неговиот прв час е сосеам несекојдневен и необичен за стандардите на Велтон, свиркајќи ја Увертирата 1812 и водејќи ги надвор од училницата за да ги фокусира на идеатаидејата carpe diem (на латински 'искористи го денот') преку гледање на фотографии од поранешни ученици на Валден. На друг час Китинг го тера Нил да го чита воведот од нивната книга за поезија, во која е приложен еден застарен и тотално безживотен есеј наречен “Разбирање на поезијата" од фиктивниот академик Д-р Џ.Еванс Причард, во кој се опишува како да се рангира квалитетот на песната на скала и да се рангира со број. Китинг ја смета ваквата идеја за математичка литературна критика смешна (нарекувајќи ја “измет") и ги охрабрува неговите ученици да го искинат воведниот есеј од нивните книги. По кратката реакција на неверување, учениците го прават тоа расположено, а Китинг им честита со незаборавната реченица "Збогум Џ.Еванс Причард, доктору на науки" (потег кој наидува на запрепастување и неверување од страна на еден од колегите на Китинг). Подоцна тој им вели на учениците да се качат на клуипите со цел да го гледаат светот на поинаков начин, онака како што мислел Хенри Дејвид Тореу кога напишал, "Универзумот е поголем од нашите сфаќања за него" (Валден).
Останатиот дел од филмот е процес на будење, во кој момчињата (и публиката) откриваат дека авторитетот може и мора секогаш да служи како водич, но единственото место каде што некој може да го најде својот вистински идентите во самиот себеси. За таа цел, момчињата тајно повторно го оживуваат стариот литературен клуб во кој членувал и самиот Китинг, наречен Друштво на мртвите поети. Тод доживува посебна трансформација кога во тешка епизода на самосвесност, не успева да ја заврши задачата по креативно пишување и последователно поминува низ процес на вежба за нетипично самоизразување, сфаќајќи го креативниот потенцијал којшто навистина го поседува. Едно од момчињата, Чарли Далтон, оди предалеку со неговата лична слобода и објавува профана и неовластена статија во училишниот весник. На запрепастеност на другите момчиња, Чарли наведува дека би сакал и на девојчињата да им биде дозволено да учат во Велтон. Тој дури и симулира телефоснки повик до господ за да им биде дозволено на девојчињата да го посетуват Велтон. Деканот Нолан го исшрашува Чарли за вклученоста на другите во инцидентот. Чарли вели дека делувал сам.
Нил, без дозвола на татко му, сака да настапува во локалната продукција на драмата на Шекспир Сон на летната ноќ. Тој очајно сака да биде глумец, но неговиот татко (Куртвод Смит) не се согласува со тоа. Еден ден, кога Нил влегува во неговата спална соба, тој го наоѓа неговиот татко како го чека.Тој му наредува на Нил да се повлече од претстават, но Нил оди против неговата волја и прекрасно ја одигрува улогата на Пак. Побеснет од навредата на неговиот авторитет, таткото на Нил планира да го повлече од Велтон и да го запише во Военото училиште Браден, за да го подготви за Харвардскиот универзитет проследена со медицинска кариера. Неспособен да се соочи со иднината која го чека и подеднакво во неможност да го натера неговиот татко да ја разбере неговата страст за глума, Нили извршува самоубиство со револверот на татко му.