Космичко зрачење: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: clean up and re-categorisation per CFD, replaced: радијација → зрачење (3)
с Правописна исправка, replaced: гама зра → гама-зра (3), Гама зра → Гама-зра
Ред 21:
 
==Утврдување==
{{Double image|right|Moons shodow in muons.gif|{{#expr: (200 * (828 / 616)) round 0}}|Moon gamma rays egret instrument cgro.jpg|{{#expr: (200 * (360 / 362)) round 0}}|Месечевата сенка од космички зраци, детектирана 700м под Земјината кора со помош на детекторот Судан 2|Месечината низ Комптоновата обсерваторија за гама -зраци, која детектира гама -зраци со енергија поголема од 20 МеV. Гама -зраците се создаваат преку бомбардирање на Месечевата површина со космички заци.|url=http://heasarc.gsfc.nasa.gov/docs/cgro/epo/news/gammoon.html |publisher=[[NASA]]/[[GSFC]] |accessdate=2010-02-11}}
Јадрата кои се составен дел на космичките зрацисе способни да патуваат од нивните далечни извори па сè до Земјата заради малата густина на материјата во вселената.Јадрата силно реагираат со другата материја, па кога космичките зраци се приближуваат кон Земјата тие започнуваат да се судираат со јадрата од атмосферските гасови. Овие судири, познати како дожд од честички, резултираат со производство на на многу пиони и каони, нестабилни мезони кои брзо се распаѓаат на миони.
Бидејќи мионите немаат силно заемнодејство со атмосферата, а исто така и поради релативитистичкиот ефект на временската дилатација многу од овие миони можат да пристигнат на Земјината површина, па дури и да продрат под површината на Земјината кора. Зрачењето на мионите ејонизирачко, па тие лесно можат да бидат детектирани од различни типови на детектори на честички како воздушни комори, балонски комори или сцинтилациони детектори. Ако неколку миони се детектирани од различни детектори во исто време, тогаш лесно може да се заклучи дека тие биле создадени со истиот бран на дожд на честички.
Ред 111:
Во 1909 [[Теодор Вулф]] развил посебен вид на електрометар (направа која го мерела производството на јони во внатрешноста на херметички затворен сад) и покажал дека на поголеми висини, во неговиот случај на врвот на Ајфеловата кула, степенот на зрачење е значително помал. Тоа го објавил во ''Physikalische Zeitschrift'' но неговиот труд не бил прифатен од научната јавност. Во 1911 [[Доминико Пачини]] набљудувал симултани промени на јонизацијата над езеро, море и на длабочина од 3 метри под површината на земјата. Пачини заклучил дека намалувањето на радиоактивноста под вода мора да е поради апсорпцијата на молекулите а не поради Земјината радиоактивност. Тогаш во 1912 [[Виктор Хес]] ги користел Вулфовите електрометри при што ги ставил во балон кој летал до погорните атмосферски слоеви. Тогаш открил дека со зголемувањето на висината се зголемува и степенот на зрачење, но го исклучил Сонцето како извор на зрачење бидејќи вршел истражување и за време на негово затемнување така што резултатот бил ист. Мерејќи ја брзината на честичките кои навлегувале во атмосферата Хес заклучил дека тие мора да потекнуваат од многу поодалечени извори на зрачење. Заради ова откритие ја добил Нобеловата награда за физика во 1936 година.
 
Изразот „Космички зраци“ бил употребен од [[Роберт Миликан]] кој докажал дека зрачењето не потекнува од земјата и не е произведена од атмосферски електрицитет. Миликан верувал дека космичките зраци се високо енергетски фотони придружени со електрони кои се произведени поради Комптоновиот ефект на гама -зраци. И самиот Комптон верувал дека космичките зраци се наелектризирани честички. За време на периодот од 1927 до 1937 различни експерименти демонстрирале дека космичките зраци се позитивно наелектризирани честички и дека при навлегувањето во атмосферата главно се дезинтегрираат на електрони и миони. Мионот се верувало дека е нестабилна честичка кој ја предвидел [[Хидеки Јукава]] во 1935 година во неговата теорија за нуклеарна сила. Експериментите покажале дека остатоците од мионскиот распад кои опстануваат 2,2 микросекунди се претвораат во електрони и неутрина кои силно реагираат со јадрото на молекулите а резултатот на таа реакција се нарекува Јукава честичка. Оваа мистерија била разрешена со откритието на пионот во 1947 кој е произведен преку директни високоенергетски јадрени судири, а резултатот на тоа се миони и едно неутрино кое е стабилно 26 наносекунди. Секвенцата пион → мион → електрон директно била набљудувана преку електронски микроскоп, така што се набљудувале патеките на честичките низ посебен вид на фотографска плоча наречена нуклеарна емулзија. Во 1948 набљудувањата со нуклеарната емулзија направени во балони на големи висини, на работ на Земјината атмосфера од страна [[Готлеб]] и [[Ван Ален]] покажале дека примарните космички честички се составени од протони, а одреден дел се алфа честички односно јадра на хелиум, а останатиот дел се јадра на потешки елементи
 
==Наводи==