Стар Рим: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште
с →‎'''Пунски војни''': Правописна исправка
Ред 28:
Втората пунска војна е позната по своите брилијантни команданти: на пунската страна Ханибал и Хасдрубал, на римската страна Марцел, Фабиј Максим и Скипион Африканецот. Рим со соочил со оваа војна во исто време со првата македонска војна. Како избувнување на војната се сметала смелата инвазија од Италија водена од Ханибал, син на Хамилкар Барка кој бил картагински командант и ја водел Сицилија за време на првата пунска војна. Ханибал брзо се упатил низ Хиспанија и Алпите. Оваа инвазија предизвикала паника во градовите и единствениот начин за да се одврати Ханибал од неговата намера бил да се насочи кон малите битки. Оваа стратегија била водена од Фабиј Максим кој бил наречен Cunctator (што значи одложувач на англиски), и до денес се нарекува фабијанската стратегија. Поради ова, целта на Ханибал не се постигнала: тој не можел да ги убеди италијанските градови за револт против Рим, и како што неговата армија се намалувала после секоја битка, тој немал доволно машини и работна сила да го опколи Рим.
Инвазијата на Рим траела повеќе од 16 години и се уништиле резервите на италијанските градови и области. Кога Римјаните забележале дека нивните резерви се намалуваат, тие извршиле инвазија над незаштитената Картагина и го принудиле Ханибал да се врати. За време на враќањето тој се соочил со Скипион, кој го победил неговиот брат Хасдрубал. Резултатот од овој конфликт го донел крајот на втората пунска војна со познатата битка кај Зама во октомври 202 година п.н.е., преку која Скипион го добил својот прекар Африканецот. Конечниот резултат на Рим довел до многу жртви но исто така и убедливи придобивки: освојување на Хиспанија од страна на Скипион, како и освојување на последното грчко царство Сиракуза од страна на Марко Клаудиј Марцел.
По повеќе од половина век подоцна од овие настани, Картагина била понижена и во Рим веќе немало грижи за африканските закани. Фокусот на републиката сега бил насочен кон хеленските царства на Грција и револтите во Хиспанија. Сепак, откако платиле за обештетувањетообесштетувањето од војната, Картагинците мислеле дека нивната заложба и потчинување кон Рим веќе престанале. Овој настан не бил споделен со римскиот Сенат. Во 151 година п.н.е. Нумидија извршила инвазија над Картагина и по барањето помош од Рим, биле испратени претставници до Картагина. Меѓу нив бил и Марко Порциј Катон кој откако видел дека Картагина би можела да се врати назад и да ја врати својата важност, ги завршил сите свои говори со една мисла, без разлика за што била темата. Тој велел: "Ceterum censeo Carthaginem esse delendam" (И покрај тоа мислам дека Картагина мора да биде уништена).
Во битката која се одвивала помеѓу Картагина и Нумидија без римска согласност во 149 година п.н.е. Рим објавил војна на Картагина. По првиот напад Картагина се спротивставила добро, со учеството на сите жители од градот. Сепак, Картагина не можела да го издржи нападот на Скипион кој целосно го уништил градот и неговите ѕидови, ги поробил и продал сите жители и воспоставил контрола над тој регион, кој станал провинција на Африка. Така завршил периодот на пунските војни.
Сите овие војни резултирале со првите римски странски освојувања на Сицилија, Хиспанија и Африка, како и подемот на Рим како значајна империјална силa.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стар_Рим