Добромир Хрс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Осамостојување: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: oд → од
додадени неколку информации
Ред 13:
== Опсадата на Просек ==
За време на [[Алексиј III Ангел]] (1195-1203) Хрс повторно се осамостојува во Струмица, и го освојува градот Просек кој бил со извонредна положба во демиркаписката клисура на левиот брег на Вардар. Во својата нова база Просек откако обезбедил доволно оружје и намирници презел голем поход при што неговата територија ја проширил на запад и југ до Прилепската тема (тема е административна област), на север до [[Скопје]], на исток до [[Малешевијата]], до Мородвизд и на југоисток до Струмица. На својата територија ги укинал византиските закони и вовел свои. После катастрофалниот пораз што и го нанел Хрс на Византија 1199 кај Просек, византискиот цар се согласил на безусловен мир, при што му била признаена власта над Струмица и Просек и бил назначен за жупан над истите. Својата власт ја зацврстил и со брак со ќерката на византискиот протостратор [[Маноил Камиц]]. Со овој чин Хрс на свое (самостојно) располагање ја имал речиси цела централна Македонија. После апсењето на неговиот дедо Маноил од страна на [[Бугари]]те, Хрс повторно ги заладил односите со визнатискиот двор бидејќи не сакал да плати откупни на за истот на бугарските власти. Хрс со свои средства го ослободува и презема одмаздички акции во делот на [[Пелагонија]], при што движејќи се на југ успева да продре до [[Тесалија]] и да иницира востание во Елада кое резултирало со отклонување на пелопонез од византиската власт. Гледајќи ја сериозноста Византија ја мобилизирала речиси целата војска и на Хрс и неговиот дедо Маноил Камиц им задале голема контраофанзива при што за кратко време војниците на Хрс биле приморани да се повлечат во Просек. Целата територија на Хрс веќе била повторно во рацете на Византијците. 1201 византиските војски ја зазеле Струмица. Хрс бил сега потиснат во изолираниот Просек, но успева некако со своите телохранители да се извлече, при што понатака му се губи секаков траг.
 
 
Слабостите на pомеиското општество се појавиле со целата своја силина набргу по смрта на pомеискиот император Маноил 1 Комнен, (1143 – 1180). Борбата за власт проследена со чести крвави вооружени пресметки, прогони и сурови казни, довело до намалување на авторитетот на централната власт и засилување на крупните земјопоседници и чиновништвото кои ја узурпираат власта и не ги почитуваат законите, што од друга страна ја довеле државата на работ на пропаста.
 
Обидот на Андроник 1 Комнин (1183-1185) да воведе ред и да го ограничи самоволието во државата, не дал некои поголеми резултати пред се поради жилавиот отпор на феудалната опозиција. Во периодот на безвластие состојбата на зависното население се влошила до тој степен да тие почнале да се бунтуваат. Ги напаѓале домовите на богатите земјопоседници и ги уништувале должничките книги. Дополнително состојбата во Pомеја била усложнета со навлегувањето на Норманите во 1185 година. По истоварувањето во реонот на Драч, Норманите незапирливо поминуваат низ Македонија пљачкајќи го Солун и другите македонски градови и села. Под нивниот притисок се распаднала pомеиската управа во поголемиот дел од Македонија.
 
Распадот на pомеиската управа во Македонија овозможил создавање на поволни услови за осамостојување на одделни македонски феудалци. Во периодот кога во Pомеја доаѓа на власт Исак 2 Ангел (1185-1195), како надоврзување на востанието на Петар и Асен во Бугарија, на историската сцена во централниот дел на Македонија се појавува македонскиот феудалец Добромир Хрс.
 
На почетокот Хрс имал мирни релации со цариградскиот двор, но тој се подготвувал кога ќе дојде време да ја зголеми својата власт. Условите биле создадени во 1189 година со навлегувањето на крстоносците од 3-oт крстоносен поход што ги предводел императорот Фридрих 1 Барбароса. Еден нивни одред, во потрага по храна, се упатил во Македонија. Пред да ги напуштат овие предели крстоносците воспоставиле врска со Добромир Хрс. Но по нивното заминување, Pомеја повторно успеала да ја наложи врховната власт врз непослушните вазали, а Хрс бил затворен. Но по кратко време тој бил ослободен и поставен за управник на Струмица.
 
Желбата конечно да се осамостои од централната власт, Хрс ја користи во првите години на владеењето на Алексиј 3 Ангел (1195-1203), кога дошло до вриење во западните провинции на царството. Тргнувајќи од Струмица, тој во утврдениот град Просек, над левиот брег на Вардар, при влезот во Демирхисарската Клисура. сместил избрана посада и го преместил своето седиште. Градот го снабдил со одбранбени справи и со доволно количество храна. Територијата на Хрс се простирала на запад и на југ до границите на Прилепската тема, на север, до границите на Скопската тема а на исток и југоисток, до провинциите Струмица и Малешево со Мородвизд.
 
На освоената територија Хрс ги укинал „ромејските" закони и вовел „варварска" власт. Оттаму тој напаѓал на Серската област. Во 1199 година била организирана експедиција против Хрса, предводена лично од pомеискиот цар, но под ѕидините на тврдиот град pомеиската војска претрпела пораз. Посадата на Просек му нанесла на непријателот тешки загуби особено со каменофрлачките, со кои вешто ракувал еден бивш pомеиски наемник. Во текот на борбите Хрсовите војници извршиле и еден ноќен напад и при тоа ги уништиле pомеиските справи за опсада.
 
Никита Хонијат, еден од најпознатите pомеиски историчари од втората половина на 12 и почетокот на 13 век, во својата „Историја" дава многу важни податоци за походот на pомеискиот император Алексиј 3 Ангел (1195-1203), во 1199 год. против Добромир Хрс, и неуспешната опсада на средновековниот град Просек. Во неговата „Историја“ (№сеtае Сhtoniatae Historia, Воппае 1835, р. 643-647; 665-669; 672.) тој ќе забележи:
 
 
„Императорот тргна за Кипсала, според планот да им помогне на тракиските градови што беа нападнати од Власите и Скитите. Освен тоа сакаше да го фати и Хрс или пак да ги прекрати барем неговите ненадејни грабачки походи во областа на Сер. Хрс беше мал, дебеличок Влав, кој, кога Петар и Асен се одметнаа од Ромеите, ним не им се придружи. Напротив, дури им се спротивставуваше со оружје и со своите петстотини луѓе, и притоа се поврза со Ромеите. Малку подоцна беше откриено дека тој сепак одржувал врски со Власите и дека настојувал да добие што поголема власт со намера да издаде самостоен посед. Во врска со тоа беше затворен, но подоцна беше повторно ослободен и испратен да ја чува Струмица. Меѓутоа, тој ги изневери очекувањата на императорот, бидејќи го обнови стариот план и почна, без да се срами, да им нанесува несреќи на соседните Ромеи...
 
Така тоа одеше. Императорот ја напушти Кипсела и замина за Солун, а оттаму продолжи против Хрс. А овој Влав ја присвои Струмица, освен тоа ја зазеде тврдината Просек и ја направи свое седиште. Потоа на разни начини уште повеќе ја зацврсти тврдината, која и без тоа по природа беше јака... Ромеите ја запоставија и без посада ја оставија оваа пркосна тврдина бидејќи не помислуваа на опасност од вoлгарите. Меѓутоа, Хрс ја присвои и направи од неа несовладливо упориште пред Ромеите. Тој прибра таму одбрани борци, постави насекаде направи за фрлање, изгради и наполни амбари со намирници и пушти овци и говеда да пасат по тесните појаси на каменот. Имено тврдината по обем не беше мала, таа се протегаше доста далеку...
 
Хрс, владеејќи ја оваа силна тврдина, не се исплаши кога императорот тргна против него, туку се подготвуваше за одбрана. Мал број Ромеи, кои беа искусни во војната... му советуваа на императорот... да го заобиколи Просек и најнапред да ги нападне другите тврдини и села што ги држеше Хрс, и дури потоа да го нападне Просек... Меѓутоа, императорот не го послуша тој совет и силовито се упати кон Просек, сакајќи да се увери дали е тврдината навистина неосвоива како што слушаше за неа.
 
Кога пристигна до Просек, го постави шаторот и реши веднаш да ја нападне тврдината. Ромеите се бореа храбро, над очекувањето и правеа дела достојни за почит и чудење... Меѓутоа, набргу согледаа дека сиот нивни напор бил залуден... Работата одеше многу бавно, а непријателот постојано ги притискаше озгора и им нанесуваше загуби... Под такви услови храбрите војници не можеа ништо да сторат и се повлекоа назад со тешко срце...
 
Утредента тргнаа повторно на јуриш, меѓутоа, по настанот од претходниот ден непријателот беше охрабрен и силовит. Направите за фрлање, со кои се служеа варварите, отепаа многу наши, бидејќи тие можеа лесно да стрелаат озгора... Преку ноќ излегоа варварите од тврдината и им ги искршија на Ромеите направите за фрлање, што тие ги беа поставиле на блиските ридишта. Ноќната стража многу се исплаши и избега до шаторот на протовестијарот Јован.. Освен тоа, низ стрмните падини тркалаа широки и со обрачи обвиени вински буриња и со тоа ја плашеа војската, која во темнината не можеа да разбере од каде потекнува вревата... Императорот согледа дека на тој начин не може да ја постигне целта, а освен тоа немаше намера таму да се задржува подолго време, па затоа стапи во преговори..“
 
По неуспехот, pомеискиот цар бил присилен на спогодба, со која му ја признал власта на Хрса врз градовите Струмица и Просек, во својство на жупан и топарх. Исто така бил договорен и брак помеѓу Хрс и ќерката на протостраторот Маноил Камиц. По таков начин Хрс се зацврстил како независен господар на централниот дел на Македонија. Тоа го потврдува и „Хрониката" на Теодор Скутариот. Иако оваа хроника претставува компилација од трудовите на повеќе автори, таа содржи и доста дополнителни податоци, меѓу кои и изворни податоци за осамостојувањето на македонскиот феудален владетел Добромир Хрс и создавањето на „независно кнежевство" со седиште во Просек. Во својата хроника Скутариот ќе забележи:
 
 
„ (Хрс) по заземањето на Струмица и утврдувањето во Просек си создаде седиште на независно кнежевство... Таа (тврдина) нема голема и соодветна ширина, се издига скоро до облаците и се простира како некаков ѕид. Целата е од камен... (Под неа) е направен премин колку да тече реката, која порано се викала Аксиос, а сега Вардар, и колку да помине од источниот дел еден пешак или коњаник. На горниот западен дел, на чијшто врв на карпата е и градот, е изградена и тврдината Просек, на која ниту искачувањето на пешаците што влегуваат е лесно, ниту пак слегувањето.. Како нејзин господар Хрс воопшто не беше загрижен за нападот...Меѓутоа, (Ромеите), кога го сторија тоа, се уверија дека избрзале...
 
Хрс сепак се согласи да преговара (за мир) и посака од императорот по негова повелба да го владее Просек и да се ожени за жена од благороден род. Императорот го прифати тоа и се повлече оттаму, влегувајќи во Константинопол, му испрати жена на Хрс...
 
На гозбата невестата не јадела и не пиела како младоженецот и од тоа му било јад...
 
Тој, пак, откако подоста си помрморил по варварски, рекол потоа: „Не јади и не пиј!...“
 
Но по кратко време, односите меѓу Хрс и Ромеиите повторно се влошиле. Причина за нарушување на односите било одбивањето на царот да плати откуп за дедо му на Хрс, кој подолго време чмаел во бугарско ропство. Меѓутоа, Хрс го ослободил Камиц, плаќајќи 200 центенари злато на име откупнина. Откако Камиц се ослободил и се вратил во Просек, побарал од царот да му ја надомести откупнината. Царот го одбил барањето, а протостраторот, заедно со Хрс, презеле воена акција во западните провинции. Најнапред ги зазеле Пелагонија и Прилеп, потоа навлегле во Тесалија и поттикнале востание, што довело дури и Пелопонез да се одметне од централната власт.
 
Ромеите во меѓувреме опремиле војска и ја упатиле против Хрс и Камиц. Ромеиската војска најпрвин ја презела Пелагонија и Прилеп, а потоа и Тесалија, со што биле скршени силите на Камиц. Во 1201 година Ромеите со измама загосподариле со Струмица. А Хрс бил потиснат во изолираниот Просек, каде што му се губи секоја трага.
 
Хрс во Просек го преместил и седиштето на својата територија, која во текот на наредните години ја проширил до Прилеп и на дел од Пелагонија, како и во некои делови на Тесалија.
 
Во 1201 година Ромеиската војска ги вратила Струмица, Прилеп и Пелагонија, а потоа тргнала на Просек. Во исто време и бугарските воени сили биле ставени во акција. Тие во 1203 година, една година по паѓањето на Просек повторно под Ромеиска власт, влегле во градот, освојувајќи го и на тој начин уништувајќи ја самостојноста на Хрс.
 
 
Во 1204 година крстоносците го нападнале Цариград. Неговите вооружени сили не можеле да им се спротивстават ниту ним, ниту на поморските сили на Венеција. Ромеиската држава се распаднала.
 
Крстоносците еден дел од Македонија вклучиле во штотуку формираното Солунско царство. Во некои македонски градови сместиле воени единици составени од западноевропски рицари. Некои македонски градови, како Скопје, Охрид и Бер, во меѓувреме, потпаднале под бугарска власт.
 
По смртта на бугарскиот цар Калојан, во Македонија својата власт ја зацврстил кнезот Стрез, кој, иако потекнувал од бугарска царска лоза, го проширил владеењето по долината на Вардар до Солун, а на запад до Охрид. По неговата смрт, во 1214 година, Македонија потпаднала, заедно со Скопје и Охрид, под епирска власт. Десет години подоцна Епирците го зазеле Солун. По нивниот пораз од Бугарите кај Клокотница во 1230 година, Македонија, Тракија и дел од Албанија биле вклучени во границите на Бугарското царство. Наместо Ромеи, сега по епархиите, како и во администрацијата, дошле Бугари. Охридската архиепископија, сега уште повеќе изгубила од своето значење.
 
Во 1241 година, Македонија потпаднала под никејска власт. Пет години подоцна Никејците го зазеле и Солун.
 
Во 1261 година било обновено Ромеиското царство. Завршил еден период од 50 години од историјата на македонскиот народ, исполнет со многу политички промени и со лесно менување на господарите. Ромеја владеела спокојно во Македонија само во наредните 20 години.
 
Во 1282 година кралот Милутин, со својата феудална војска, навлегол во Македонија.
 
Стефан Душан во 1345 година, заземајќи го Сер, ја освоил Македонија. Меѓутоа, Солун останал Ромеиска енклава.
 
Tерминот „Волгариски“ е вештачки и не го означува етничкото, туку поданичкото значење на жителите на темата. Тука би можеле да додадеме дека е точно тоа и дека  овој термин има поданичко значење, но не на државата, не на темата, значи припадност кон црквата. Жителите на оваа тема порано биле поданици Јустинијана Прима и подоцна на Охридската архиепископија како нејзината наследничка. Тие биле поданици на црква која е афтокефална и непотчинета на ниеден од најголемите престоли, па ниту на Цариградската црква.
 
За Цариградската патријаршија употреба на секој црковната јазик кој не е атински е прост, вулгарен. Дали тука можеме да ги бараме корените на овој термин со кои денес Бугарите се гордеат или пак во латинскиот превод на Библијата, познат како „Вулгата“. Латинскиот јазик долго време бил званичен јазик во Источното римско царство а со тоа и во употреба во епархиите на автокефалната Јустинијана Прима. Или пак корените на бугарското име треба да ги бараме на друго место, како што вели pомеискиот историчар Никифор Григора:
 
 
„сeверно од Истар лежи област низ која поминувала мала река, која жителите ја нарекувале Boлга. Оттаму е изведено и самото име на Бугарите, кои првобитно биле Скити“.
 
Сепак Барските анали покажуваат дека без разлика на името на територијата која ја наметнуваат ромеите, во географскте и етничките граници на Македонија живеел народ кој се именува како Македонци.  Народ кој сака да ја има својата самостојност и кој заради својата автономност не е прифатен ниту од Истокот ниту од Западот.
 
 
Теофилакт Охридски, од Еврип,  бил  Архиепископ на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него Волгари се сите поданици на ромеиската тема Волгарија. Бидејќи и самиот Теофилакт Охридски  бил жител на темата Волгарија, се сметал за Волгарин  (види Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия 3, папка 4.)
 
Друг охридски Архиепископ од 1216 година, Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), поради тоа што немал добри познавања до каде се простираат границите на ромеиската тема Волгарија, сите народи на Македонскиот Полуостров ги нарекува  Волгарои. Во познатата “Охридска Легенда“, тој објаснува дека “Волгарите“ го населуваат Илирик ( денешна : Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Далмација и Панонија). - Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, жития на Климент Охридски" , 1966 г. ).  “Папата го ракоположил Св. Методиј за архиепископ на Моравија и Волгарија (миcли на тема Волгариjа ), а Св. Kлимент бил ракоположен од Св. Методиј за епископ на "Волгарискиот народ"- пишува Хоматијан (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171).
 
== Литература ==