Транссексуалност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: преферира → претпочита
с →‎Операција на промена на полот: Јазична исправка, replaced: сензитивност → чувствителност
Ред 11:
Првиот чекор во процесот е многу внимателно советување и психијатриско проценување. Многу е важно да се утврди дали е личноста навистина транссексуална, односно, дали нејзиниот родов идентитет не се согласува со нејзиниот пол. Ова се прави за да се осигура дека личноста навистина треба да живее во другиот пол, и дека нема да постои каење по завршување на процесот. Некои луѓе погрешно бараат промена на полот. Шизофреничарите понекогаш покажуваат конфузија со родовиот идентитет, која може погрешно да се протолкува како транссексуалност.
 
Следниот чекор е хормонална терапија. На МкЖ транссексуалците им се дава естроген кој мораат да го примаат до крајот на животот. Естрогенот постепено доведува до процес на феминизација. Градите се зголемуваат. Формата на телото во смисла на распределбата на вишокот масти во организмот станува женски, а колковите се заоблуваат. Ќелавоста, ако започнала, тогаш престанува. Лачењето на простатата престанува и конечно исчезнува и ејакулацијата. Ерекциите стануваат се поретки и поретки, а со ова транссексуалците се многу задоволни, затоа што тие ги потсетуваат на несаканиот пенис. На ЖкМ транссексуалците им се даваат андрогени (тестостерон) кои доведуваат до постепена маскулинизација. Брадата започнува да расте. Гласот се продлабочува. Распределбата на масти на телото му дава мажествен облик. Клиторисот се зголемува, иако не е близу до големината на биолошки пенис, но станува еректилен. Структурата на карличните коски, се разбира, не може да го промени обликот, како што ниту градите не исчезнуваат (иако кај повеќето случаи постои намалување), освен по пат на операција. Во зависност од големината на градите, постојат повеќе видови операции. Процедурата се нарекува двојна мастектомија (отстранување на гради). Може да се изведат со едноставен засек околу брадавицата и липосукција, со помал засек најчесто отстрана, а најсложената процедура, за пациентите со големи гради, се нарекува мастектомија со двоен засек и при нејзиното изведување кај двете гради се прави голем хоризонтален засек по долната линија, под пекторалнот мускул, а вториот засек е околу брадавиците. Во добар дел од случаите пациентите можат да ја задржат сензитивностачувствителноста во овој дел од телото.
 
Следната фаза е "тестирање во вистинскиот живот" кога од личноста се бара да живее како член на новиот пол во период од една до две години. Ова се прави за да се провери дали е личноста во можност да се прилагоди на улогите на новиот пол. Идеата е уште еднаш да се провери дали личноста нема да се покае кога процесот ќе заврши. Некои транссексуалци, дури и без консултации со доктор, спонтано влегуваат во таа "трансвеститска" фаза во своите напори да станат жени.