Жаби (комедија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 0 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
с →‎Кратка содржина: Правописна исправка, replaced: надчове → натчове
Ред 28:
Следната средба е со Еак, вратарот на Адот, кој заради маската на Дионис мисли дека тој е Херакле, па сè уште гневен заради тоа што грчкиот јунак го украл Кербер, се заканува дека ќе му се освети со неколку чудовишта. Дионис е уплашен и ја менува својата облека со Ксантија. Тогаш доаѓа слугинката и таа е среќна што го гледа Херакле и го кани на гозба и сега Ксантија радо ја прифаќа таа понуда. Дионис тогаш сака да се врати во облеката, но штом повторно ќе ја земе ќе се сретне со уште луѓе кои му се лути на Херакле и повторно ќе му ја даде облеката на Ксантија.
 
Конечно се враќа Еак и тој ќе се обиде да разреши кој е божество, а кој човек од овие двајца и иако Дионис ќе каже дека е бог, тој нема да му поверува. Така тој ќе ги камшикува двајцата како тест за тоа кој има навистина надчовечкинатчовечки моќи. Но двајцата издржуваат, и двајцата го поминуваат тестот и тој мора да ги пушти да влезат кај [[Плутон (митологија)|Плутон]] и [[Персефона]], бидејќи само тие како божества ќе можат да видат кој е навистина божество од гостите во Адот.
 
А во палатата на Плутон, Дионис го наоѓа Еврипид во конфронтација со [[Есхил]]. Еврипид кој е скоро починат, го предизвикува големиот Есхил за титулата „Најдобар трагичен поет“ која дава место на масата покрај Плутон во Адот и која дотогаш му припаѓала на Есхил. Започнува натпревар со Дионис како судија. Двајцата трагичарии еден по друг кажуваат стихови од своите драми и се исмеваат меѓусебно. Еврипид твдри дека ликовите во неговите драми се подобри, бидејќи се поблиски до секојдневниот живот и пологични, додека Есхил верува дека неговите идеализирани ликови се подобри бидејќи се херои и имаат висок морал.